9.8 C
Скопје
16:07 - 18 декември, 2024

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Комплетна артериска рeваскуларизација при коронарна болест на срцето

Коронарната артериска болест е предизвикана од атеросклерозата која ги зафаќа коронарните артерии и доведува до стеснување на нивниот лумен или во потешки случаи доведува до нивно комплетно запушување. Во почетниот стадиум на болеста, таа се манифестира со градни болки, стегање во градите, гушење, а при напредни фази на болеста, запушувањето доведува до инфаркт на срцето, кој се манифестира со силни болки, а може да доведе и до опасни аритмии, па дури и до фатален исход поради прекин на срцевата работа.

Кои се можните решенија?

Третманот на коронарната артериска болест во најраните фази на болеста се состои од превентивни мерки и медикаментозен третман. Додека пак, во понапредните фази на болеста, потребно е да се преземат поагресивни мерки за спречување на напредувањето на болеста и нејзин третман, со цел спречување на инфаркт на срцето и евентуален фатален исход. Во одредени околности и во поран стадиум на болеста, се применува стентирање на коронарните артерии, што претставува инвазивна процедура на поставување на стент во коронарната артерија за да се отвори стеснувањето или запушувањето. Коронарното стентирање е особено важно при акутен миокарден инфаркт, со што се отвора запушената коронарна артерија која довела до инфарктот и на тој начин да се превенираат потешки компликации од инфарктот.

Кога коронарната болест ќе зафати две или повеќе коронарни артерии, се работи за дифузна коронарна болест. Во тој случај, единствен избор на лекување е со помош на оперативен третман на коронарната болест, или таканаречена бајпас-хирургија на срцето. Со бајпас хирургијата се врши премостување на заболениот дел од коронарната артерија – стеснет или запушен. При бајпас хирургија се користат венски крвни садови од самиот пациент, од левата или од десната нога, и истите се поставуваат на срцето, од аортата кон срцето, и затоа и се нарекува аорто-коронарно премостување. Овие венски крвни садови имаат ограничен животен век, обично по неколку години, и тие се запушуваат, и затоа мора да се прави реоперација за да се постават нови аорто-коронарни премостувања.

Во клиничката болница „Жан Митрев“, како стандардна процедура, за овие премостувања на коронарните артерии се користат артерии од самиот пациент, при тоа се користи левата радијална артерија од левата подлактица и две внатрешни торакални/мамарни артерии, лева и десна. Оваа бајпас-операција се нарекува комплетна артериска реваскуларизација. Истата е технички потешка за изведување, меѓутоа, предностите и се многукратни. Најголемата предност е фактот дека премостувањата направени со користење на артерии од самиот пациент се многу подолготрајни, односно, доживотни.

Комплетна артериска реваскуларизација од пациенти оперирани во ZMC
Комплетна артериска реваскуларизација од пациенти оперирани во ZMC
Комплетна артериска реваскуларизација од пациенти оперирани во ZMC

Научно е докажано дека при користење на левата и десната торакална/мамарна артерија, и после 15 години кај повеќе од 95% од пациентите артериите остануваат проодни, на тој начин се избегнува потребата за реоперација. Втора предност е тоа што се избегнува манипулација на асцедентна аорта кај пациентите, која исто така, може да биде зафатена со атеросклероза, на тој начин избегнувајќи компликации од типот на мозочен удар. Трето, се зачувуваат вените на нозете за евентуални премостувања кај заболувања на артерии на нозете, за бајпас-хирургија на нозете. За намалува и бројот на оперативни рани, се избегнува оперативниот рез на нозете кој може да даде проблеми со заздравувањето и евентуални инфекциии на тие рани.

Комплетната артериска реваскуларизација е стандардна оперативна процедура во Клиника „Жан Митрев“.

За подетални информации околу процедурата може да се обратите на стручниот тим преку закажување консултација на тел. 02 3091 484.

Комерцијален текст.

Слични објави

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо
Се вчитува....