13:39 - 12 ноември, 2026

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Инциденталом на надбубрежна жлезда

Доколку се утврди дека адреналниот инциденталом е функционално активен, тој треба хируршки да се отстрани.

Надбубрежната жлезда е парен ендокрин орган, сместена во ретроперитонеалниот простор, на горните полови на обата бубрега. Нејзината морфологија се состои од кора и срцевина и секој од овие компартмани лачи одреден тип на хормони (кортизол, алдостерон, адреналин итн).
Од промените кои може да настанат во надбубрежната жлезда се вбројува и инциденталомот. Тоа е адренална маса која е случајно откриена, најчесто при некоја од радиографските техники (ехо, КТ или МР на абдомен), примарно наменети за друга состојба.

Првиот чекор во дијагнозата и понатамошниот тек на водење е детален ендокринолошки преглед, каде би се барале евентуално присутни прикриени или евидентни клинички знаци на зголемено лачење на хормоните од надбубрежната жлезда. Надбубрежните инциденталоми се хормонски активни само во 20% од случаите. Кај нефункционалните, може да се појави губиток на телесна тежина и појава на тапа абдоминална болка.

Следниот чекор е лабораториско утврдување дали постои хормонска функционалност на промената. За тоа е потребно да се одредат хормоните од надбубрежната жлезда во крв и урина и да се направат соодветни тестови кои би укажале и на евентуалниот терапевтски пристап и водење во иднина. Сите пациенти со случајно откриени промени, треба да се испитаат за постоење на феохромоцитом.

Третиот чекор е утврдување на радиографските карактеристики на промената. Нејзината големина (< 4cm или > 4cm) и изгледот (хомогеност или хетерогеност, правилни или неправилни рабови, присутни калцификации) се најдобрите индикатори за можна малигност.

Откако ќе се дефинира природата на промената следно е терапевтскиот пристап. Доколку се утврди дека адреналниот инциденталом е функционално активен, тој треба хируршки да се отстрани. Неактивните инциденталоми воглавном се следат на шест месеци.

Тимот од специјалисти во Клиниката „Жан Митрев“ Ви стојат на располагање за сите подетални информации и услуги. Консултирајте се или сакажете го вашиот преглед на 02 3091 484

Комерцијален текст.

Слични објави

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova
Се вчитува....