16.8 C
Скопје
21:53 - 21 октомври, 2026

Последно испраќање на Масимо Савиќ: „Оние кои не знаат каков човек бил, ќе го паметат по неговиот глас, тој глас секогаш останува!“

Масимо Савиќ, денеска е погребан на градските гробишта во Задар. Според хрватските медиуми, на погребот присуствувале над триста луѓе. Се свирела „Реквием“ од Моцарт.

На последното испраќање на Савиќ пристигннале бројни пријатели и членови на семејството, како и обожаватели.

Меѓу првите пристигнала Марина Томашевиќ.

-Се знаеме повеќе од 40 години, од времето на Доријан Греј. Бев многу горда на него. Постојано со нетрпение очекував да поминам време со него во Задар. Сите патишта водат до Задар, а ова страшно, страшно ме шокираше. Немав поим дека вакво нешто ќе се случи, и така наеднаш – изјавила видно потресена Марина Томашевиќ.

Пристигнале и Џибони, Тончи Хуљиќ и неговото семејство.

– Секој ќе го памети по нешто свое. Кога човек ќе замине, кај секој кој го сака и кој се сеќава на него, остава спомени. Некои работи не сакате да ги споделите со јавноста, но она за што можеме да се согласиме е дека тој беше посебна и достоинствена личност. Тој навистина посебно ја проживуваше уметноста, и сериозно го сфаќаше тоа што го работи. Тој глас секогаш останува. И тоа ќе остане конкретно. А оние кои не знаат каков човек бил, ќе го паметат по неговото пеење – изјави Тончи Хуљиќ, колегата и голем пријател на Масимо.

Џибони изјави дека Задар изгубил премногу, а Хрватска многу.

– Мислам дека луѓето кои се креативни се паметат по својот зенит. Тоа е малку поинаку. Сега не е само прашање колку тој остави зад себе, туку колку повеќе можеше да даде. Тој беше највитален сега. Не ни знаев дека е болен, односно се слушнавме пред три недели. Имавме некои планови за ТВ емисија и ова беше голем шок за мене. Ако гледаш со мои очи, тој беше во цутот на младоста. На своите години не гледате според изводот на родени, туку гледаш каква е креацијата во тебе – изјави Џибони.

Џулијано рече дека Масимо бил голем уметник и голем пријател.

– Ова е голема загуба за хрватската музика – рече Џулијано.

Потсетуваме, Масимо почина од рак на белите дробови на 23 декември.

Фотографиите од погребот може да ги видите – ТУКА.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ објави фотографија со покојниот брат и ги растажи сите: „Таа рана никогаш не зараснува“

Еспресо

(Видео) Николија и Реља се венчаа во тајност – по 12 години љубов и две деца го кажаа судбоносното „да“

apostolova

Јелена Карлеуша итно отпатувала кај ќерките во Милано: Се загрижила за нивната безбедност по немирите

Еспресо

Видео кое ги топи срцата – Кнез си игра со внуката, ќерка му Ксенија ги снима

Еспресо

Јована Јеремиќ откри како сака да биде погребана: „Ќе има забава, не сакам да ме оплакуваат!“

Еспресо

Лепа Брена го прослави роденденот: Еве колку години наполни, а честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо
Се вчитува....