6.8 C
Скопје
07:09 - 30 март, 2026

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фактори на ризик за дебелина кај децата

Дебелите деца имаат поголема веројатност да развијат други поврзани болести во зрелата возраст.

Дебелината кај детската популација е значително зголемена. За експертите оваа проблематика е една од најважните јавно-здравствени проблеми што постојат денес.

Причините за зголемување на дебелината кај децата би можеле да се сумираат во 4 точки:

Седентарен начин на живот

Студиите спроведени ширум светот сугерираат дека долго време поминато пред екранот кај децата и адолесцентите предизвикало голем број здравствени штети. Ова е значително зголемено за време на пандемијата, а компјутерите и мобилните одзеле од времето за играње на отворено.
Дополнително на ова, експертите додаваат дека нема култура на играње на улица, заради околината, сообраќајот, опасноста, малкуте зелени површини итн. и затоа е изгубен интересот за излегување и играње на отворено.
Сето ова предизвикува седентарен начин на живот уште од најрана возраст и е еден од најважните фактори кои ја фаворизираат дебелината кај децата.

Недостаток на зеленчук и овошје во исхраната

Се препорачуваа јадење пет порции овошје и зеленчук на ден. Како за возрасните, така и за децата.

Неопходно е да се зголеми општествената свест за важноста на консумирање на овошје и зеленчук во секојдневната исхрана кај најмалите.

Неконсумирање на разновидна исхрана

Исхраната кај децата мора да биде разновидна според возраста и активноста на детето. Пред сè, неопходно е да се вклучат сите групи на храна.

Недоволно спиење

Многу е важно да се постигне рутина на спиење кај децата. Децата мора да си легнуваат рано, за да ги отспијат потребните часови според нивна возраст.
Со легнувањето доцна, сонот кај децата ќе се наруши и ќе имаат помалку време наутро, со што се отежнува појадокот во мир и влијае на енергијата во текот на денот.

Дебелите деца имаат поголема веројатност да развијат други поврзани болести во зрелата возраст.

За повеќе информации или третман, консултирајте се со тимот педијатри на Клиника „Жан Митрев“ преку закажување термин на 02 3091 484.

Комерцијален текст.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....