11:26 - 10 ноември, 2026

(Фото) Барби по ликот на Лепа Брена: Се продава по цена од 250 евра, но може и на делови за 20 евра

„Додека целиот свет полудува по новиот филм „Барби“, ние од колекцијата избираме барбика направена во ликот на Лепа Брена. Овој производ со ликот на познатата пејачка е продуциран со албумот „Боли ме уво за све“, кој е и саундтрак на филмот „Ајде да се сакаме 3 дел“ во 1990 година. Иако е изоставен од актуелниот филмски спектакл, музејот е тука да ја исправи неправдата и да потсети на овој важен југословенски прионес за Барбиленд“ – пишува во интересното соопштение на Музејот на Југославија.

Многу колекционери се заинтересирани за оваа кукла, која ја имаа многу девојчиња во Југославија. Денес вреди приближно 250 евра. Цената, се разбира, зависи од зачуваноста и модните додатоци што одат со неа.

Интересно е и тоа што барбиката Лепа Брена се продава и во делови. Можно е да се пронајде само глава, рака, нога…Цената на поединечните делови се движи од пет до 20 евра, пренесува српски Б92.

Барбиката Лепа Брена тогаш уриваше рекорди на продажба, што е доказ колку оваа пејачка била популарна во поранешна Југославија.

 

Слични објави

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо
Се вчитува....