11:58 - 27 ноември, 2026

Софија Вергара отворено за семејната трагедија: „Едниот брат ми го убија, другиот стана зависник“

Софија Вергара моментално ја гледаме во улогата на озлогласената Колумбијка Гризелда Бланко во серијата „Гризелда“ на Нетфликс.

Актерката се присети на растењето во Колумбија и на семејната трагедија. Нејзиниот најстар брат Рафаел бил убиен од нарко картел.

– За жал, во Колумбија во тоа време пипалата на трговијата со дрога беа насекаде. Не можам да ви кажам дека сите биле дилери на дрога, бидејќи тоа не е точно. Но, на пример, ако сте архитект, кој ги купува становите? Ако имате салон за автомобили, кој ги купува автомобилите? Наркос. Знаевте кои се наркосите. Сè беше допрено од нив.

Брат ми беше убаво момче. Но, тој донесе погрешна одлука и за жал плати за тоа. Сите плативме за тоа.

Братоубиството засекогаш го променило семејството на Софија.

– Кога ќе умре некој толку посебен, добар татко и брат, тоа го уништува семејството. Мајка ми и татко ми никогаш не беа исти. Мојот друг брат, кој беше многу близок со него, поради траумата стана алкохоличар, а потоа и зависник од крек – додаде искрено Софија.

Слични објави

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо
Се вчитува....