21.8 C
Скопје
15:59 - 11 октомври, 2026

„Со Соња зборувам, ама…“ – Жељко Шашиќ по 30 години кариера закажа прв голем концерт во Белград па откри како реагирала поранешната сопруга

По цели три децении на естрадата, фолк-пејачот Жељко Шашиќ конечно  закажа свој солистички концерт, кој ќе се одржи оваа есен во култната „МТС Дворана“ во Белград.Сопственикот на мегахитовите како „Gori more, tope se planine“ и „Mali je ovo grad“ откри дека неговата ќерка Софија пресреќна му рекла: „Конечно, конечно!“, додека тој признава дека дури сега искрено се поклопиле коцките за ваков чекор.

По долгиот период на јавни скандали, Жељко ги закопа воените секири со поранешната сопруга Соња Вуксановиќ. На прашањето дали таа му се јавила да му честита, пејачот искрено одговори:

„Не, не се јави. Кога ќе се сретнеме, нормално си зборуваме, но сега немаме некој постојан контакт. Сè е во ред.“

Шашиќ додаде дека првите редови во салата веќе се резервирани за неговите пријатели и колеги кои му се верна поддршка низ годините.

Многумина забележаа дека пејачот во последно време постојано носи темни очила, дури и во затворени простории, па тој ја реши и таа мистерија:

„Почнаа многу да ми пречат силните светла. Работиме ноќе, а светлата од камерите и силните блицови од телефоните ми пречат премногу. Еднаш дури и ми се заврте во главата при едно сликање. Најдов специјални стакла кои ми одговараат и тие веќе ми станаа заштитен знак.“.

За крај, Шашиќ се осврна и на новите музички трендови, признавајќи дека денешните млади изведувачи имаат специфичен „Икс-фактор“ и дека успеваат многу брзо да наполнат сали, иако патот до успехот денес е многу поразличен и побрз од времето кога тој ја градел кариерата.

Слични објави

Сузана Манчиќ го продаде станот и откри зошто нејзиниот сопруг спие во хотел: „Кога го виде тоа, донесе одлука“

Еспресо

Чолиќ го испратил возачот пред зградата на српската пејачка! Она што ѝ го дал ќе го памети до крајот на животот

Еспресо

(Фото) Сека Алексиќ ослабела 21 килограм, а сега откри и како го постигнала тоа

Еспресо

Тијана Дапчевиќ: Најголемата заблуда е дека имам дрво од кое берам пари

Еспресо

Која храна ги зајакнува коските, а која може да им наштети? Овие намирници се важни за нивното здравје

К.С.

Марија Шерифовиќ: „Не постои поромантична личност од мене, штета…“

E.A.
Се вчитува....