16.8 C
Скопје
19:47 - 11 октомври, 2026

 Рамен стомак и мускули –  Наташа Беквалац се соблече во костим за капење

Поп-ѕвездата Наташа Беквалац замина на заслужен одмор на егзотичната Ибица во друштво на својата сестра Кристина, од каде што веднаш ги запали социјалните мрежи. „Новосадската барбика“ сподели кратко видео во дводелен капелен костим и ги остави фановите без зборови – на нејзиното тело се оцртуваа  мускули, а нејзиниот стомак, нозе и раце никогаш не изгледале толку добро.

Фото: Наташа Беклвалац / Инстаграм

Тајната на нејзиниот беспрекорен изглед лежи во строга дисциплина. Пејачката во моментов има помалку од 60 килограми, а линијата ја доведе до совршенство откако ослабе 10 килограми благодарение на редовни тренинзи и посебен режим на исхрана. Нејзиниот план подразбира целосно исфрлање на јаглехидратите и строг фокус на протеини и зеленчук. Наташа практикува да јаде секаков вид месо, јајца, јаткасти плодови, зелен зеленчук и млечни производи со низок процент на јаглехидрати, притоа пиејќи огромни количини вода.

Од друга страна, на нејзиното мени строго се забранети сите видови печива, слатки, грицки, сокови, тестенини, компири, ориз, грав и грашок. Интересно е што дури и овошјето ѝ е целосно забрането во текот на неделата, со исклучок на недела, кога ѝ е таканаречениот ден за „прекршок“. Наташа уште еднаш докажа дека силната волја носи очигледни резултати, а нејзиното тропско издание од Ибица заработи чиста десетка од публиката!

Слични објави

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо

Нова диплома за Марија Панчева: Ќерката на Маја и Дарко го заврши и вториот факултет

Еспресо

Сузана Манчиќ го продаде станот и откри зошто нејзиниот сопруг спие во хотел: „Кога го виде тоа, донесе одлука“

Еспресо

(Видео) Андрија Милошевиќ ги стопи срцата на сите со видео од дома: Неговиот син го снима и се смее на глас

Еспресо

Чолиќ го испратил возачот пред зградата на српската пејачка! Она што ѝ го дал ќе го памети до крајот на животот

Еспресо

(Фото) Сека Алексиќ ослабела 21 килограм, а сега откри и како го постигнала тоа

Еспресо
Се вчитува....