9.8 C
Скопје
12:20 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Заврши африканското, доаѓа индиско лето

За тоа каков викенд нè очекува дознаваме од популарниот временски прогнозер, стружанецот Славчо Попоски. 

„Ектремно топлите денови се веќе позади нас и повеќе екстремно топли денови не очекуваме. Од денес, па во текот на следните денови времето во Македонија ќе биде сончево и пријатно топло, со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет на некои места.

За време на викендот, и тоа особено во недела долж Повардарието ветерот ќе го промени својот правец во северен и во северозападен.

Ќе има услови и за локален краткотраен пороен дожд и грмежи, особено за време на викендот“, најавува Славчо.

Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот претежно од 25 до 33 степени, а УВ индексот и понатаму ќе има висока вредност (коефициент 7).

Според Славчо, викендов во Скопје ќе дува слаб до умерен ветер, а ќе има услови и за појава на краткотраен дожд и грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 30 степени.

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....