15:47 - 10 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Ветер од над 70 км на час, дождови…еве кога!

– За време на овој викенд времето ќе биде променливо облачно, а особено во западните предели ќе има врнежи од дожд и истите во недела доцна попладне и навечер ќе се прошират на повеќе места. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено на некои места ветерот ќе биде СИЛЕН со брзина од над 70 км/час), додека температурите на воздухот и тоа поради јужното воздушно струење ќе бидат значително повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопскиот регион викендов времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од јужен правец. Ќе има услови и за повремен слаб дожд, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 13 и 16 степени.

Според Попоски, поголемо заладување на времето се очекува во почетокот од следната недела, кога освен на повисоките места и на планините, услови за врнежи од снег ќе има и на местата со помала надморска височина. Вкупното количество на воден талог во следниот период и тоа особено во западните предели ќе надмине 40 л/м2 воден талог, додека на планините ќе се формира снежна покривка.

Слични објави

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.
Се вчитува....