04:45 - 7 април, 2026

Славчо Попоски прогнозира: Какво време ќе имаме викендов?

– Во следните најмалку седум денови нашата територија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ. Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. За време на викендот и тоа особено во утринските часови по котлините и речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Од недела па натаму ќе биде уште потопло и преку ден, но и наутро. Максималните температури тогаш ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.

Во Скопје и околината продолжува стабилното, суво и сончево време. За време на викендот во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 20 и 24 степени.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....