37.8 C
Скопје
17:21 - 20 август, 2026

Односот меѓу Адријана Лима и Марко Јариќ повторно се влоши, таа и ќерките се преселија 4.000 километри подалеку од него

Односот меѓу Марко Јариќ и Адријана Лима повторно е под знак прашалник откако манекенката направи потег кој сериозно може да му наштети. Имено, таа ја продаде вилата во Мајами во која живееше со Јариќ, и со ќерките и бебето се пресели во нова куќа во Лос Анџелес, каде што живее со својот избраник Андре Лемерс, па српскиот кошаркар наводно е очаен зашто ќе мора да поминува по четири илјади километри за да ги види ќерките, пренесува „Story“.

Од продажбата на споменатиот имот манекенката заработила 40 милиони долари. Дел од таа сума вложила во купување на нова вила во Лос Анџелес, која чинела 12,4 милиони долари. Лима ја донела оваа одлука откако на 28 август роди син, од врската со филмскиот продуцент чија работа е тесно поврзана со „Градот на ангелите“. Нејзините ќерки Валентина и Сиена не се противеле на преселбата, па семејството неодамна се всели во новата вила во Брентвуд. Пространата куќа има пет спални соби со исто толку бањи, голема дневна соба, просторија за забава со билијард и пикадо, киносала, сала за вежбање и голем базен во дворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima)

Ако се земе предвид дека Лос Анџелес е оддалечен речиси четири илјади километри од Мајами, каде што живее Јариќ кој е многу приврзан за своите наследнички, може да се претпостави дека и тој наскоро би можел да се пресели. Кошаркарот им се доверил на пријателите дека не знае што носи иднината и дека тоа е силен удар за него бидејќи е многу приврзан за ќерките и дека не знае како ќе се договорат со Лима во врска со нивното гледање, а на него и на девојчињата им претстои напорен и тежок период на патување. Поради тоа може да дојде до влошување на односот меѓу Марко Јариќ и Адријана Лима.

Манекенката претходно имаше полни раце работа со бебето, но и со уредувањето на пространата куќа. Таа ангажирала декоратер, но ја осмислила и надгледувала целата работа, па очигледно не се занимавала премногу со планирањето на идните средби меѓу нејзините ќерки и кошаркарот.

Иако новата куќа на Лима никогаш официјално не била ставена на продажба, нејзините пријатели открија дека манекенката со сите сили се обидувала да стане нова сопственичка на вилата, најмногу поради невообичаено големиот имот за овој дел од градот. Нејзиниот избраник најмногу го освоил делот за дружење покрај пространиот базен, со голем отворен бар и скара, а Лемерс е познат во Холивуд по одличните забави во градина кои често ги организира за пријателите. И двајцата биле воодушевени од архитектурата на нивната нова вила, бидејќи нејзината конструкција повеќе наликува на рурална куќа, отколку на околните модерни бетонски згради.

инстаграм

Слични објави

(Фото) Згодната сопруга на Милош Биковиќ во тесно трико направи хаос на Инстаграм

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: DISE – прецизно откривање на причината за ‘рчењето и слип апнеа

Еспресо

Мала Цана изнесе тешки обвинувања против ќерките на Андрија Бајиќ: Тврди дека доживеала физичко и вербално насилство

E.A.

(Фото) „Сестринска моќ“: Наташа и Кристина Беквалац уживаат на луксузна јахта на Миконос

Еспресо

„Се обидовме, не успеавме“: Душко Тошиќ јавно го потврди раскинувањето со Нора

Еспресо

Македонската водителка Нина Ред со моќна порака за простувањето: „Не смееме цел живот да се казнуваме, заслужуваме мир“

Еспресо
Се вчитува....