10.8 C
Скопје
17:07 - 26 октомври, 2026

Кара Делавињ откри детали од семинарот за мастурбација: „Соблечи ја долната облека. Ова е лубрикант“

Англиската манекенка и актерка Кара Делавињ изјави дека била шокирана кога на семинар за мастурбација побарале од неа да ја соблече долната облека.

Делавињ присуствуваше на предавање како дел од нејзината документарна серија „Planet Sex“, која се занимава со човечката сексуалност. Таа откри дека некои нејзини искуства во серијата биле доста „истражувачки“, и детално ја опиша сесијата поради која се чувствувала непријатно.

Ултрапопуларната манекенка изјави дека била изненадена од барањата на инструкторот на семинарот бидејќи мислела дека тоа ќе биде училница и дека ќе има тетратка за пишување. Наместо тоа, на подот имало розова подлога, а шестмината присутни ѝ рекле: „Соблечи ја долната облека. Ова е лубрикант“.

-Не знаев дека сум толку „ограничена“. Мислев дека сум девојка спремна на сѐ, но во тој момент реков: „Извинете, што? Не, апсолутно не, нема да го направам тоа. Но, направив сѐ друго што не ми беше непријатно, рече таа.

Делавињ призна дека постојано се изненадувала од местата на кои што ја носело снимањето. Постојано се прашувала што е следно, бидејќи секој ден бил различен. Некои од активностите вклучувале вадење крв, оргазам и посета на порно-библиотеки.

Пред неколку месеци актерката беше видена како интервјуира редовни посетители на култното ЛГБТК+ место, таверната „Royal Vauxhall“ во Лондон.

Делавињ, која се идентификува како пансексуалка, била видена како пие во ексклузивниот паб пред да ги интервјуира посетителите.

-Таа ги поддржува „драг“ кралевите и кралиците и прави големи напори да ја зголеми видливоста на некои од најмаргинализираните поединци во ЛГБТК+ заедницата, открива извор за „The Mirror“.

-Кара беше воодушевена што посети едно вакво легендарно место и дозна повеќе за неговата историја, со оглед на тоа што самата помина неколку ноќи таму. Кара учи повеќе за оние кои си поигруваат со полот како дел од нивната уметност и изведба, додаде тој.

Таверната „Royal Vauxhall“ е местото каде што принцезата Дијана славно се забавуваше со фронтменот на Queen, Фреди Меркјури во 80-тите.

-Чувствувам дека ми требаше ова во мојот живот, искрено. Можеби не да го правам тоа пред камера, мислам, тоа беше нешто што сакав да го направам за другите луѓе, но во однос на себе, многу пораснав. Одлучив да отстапам од љубовта и врските некое време пред да го направам ова и тоа ме натера повторно да сфатам колку требаше да поправам одредени работи во мојот живот и да продолжам од таму. Навистина пораснав многу, заклучи Кара, која е и извршен продуцент на серијата.

Слични објави

(Фото) Сузана Турунџиева сподели фотографии со внукот Јаков: Моменти за кои се живее

Еспресо

Денеска е полна Месечина во Бик — четири хороскопски знаци ќе бидат особено чувствителни на промените

К.С.

(Фото) Фотографија од Николина Пишек гола, изложена во Загреб: „Денот кога станав музејски експонат“

Еспресо

Ни подари 33 години радост, среќа, љубов и гордост: Таткото на Влатко Илиевски со емотивно сеќавање на својот син

Еспресо

Теа Таировиќ итно оперирана – пејачката била примена во болница во тешка здравствена состојба

Еспресо

(Фото) Заљубени до уши – Тања Савиќ покажа колку ужива со 11 години помладиот свршеник

Еспресо
Се вчитува....