8.8 C
Скопје
20:59 - 30 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Уживајте во сонцето до…па, следува дожд!

– Како што најавивме утре во Македонија ќе има нешто повеќе облачност, и особено во западните предели ќе има појава на повремен локален дожд. Потоа во вторник и среда ќе биде претежно стабилно и суво со сончеви периоди, додека од четврток па натаму се очекуваат нови повремени врнежи од дожд на повеќе места, тогаш ќе започне да дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бидат пролетни и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 20 степени, додека во најтоплите предели истите ќе се искачат до околу 23 степени.

И во Скопскиот регион утре ќе има малку повеќе облачност, но ќе се задржи релативно суво време, слично стабилно и релативно суво ќе биде и во вторник и среда, додека од четврток па натаму ќе растат условите за повремен локален дожд, кога ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат пролетно високи и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 19 и 22 степени.

Слични објави

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....