8.8 C
Скопје
21:06 - 30 март, 2026

Славчо Попоски најавува снег, очекувајте и дождови во градовите, еве кога!

– До овој петок времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево. Сепак во петок полека облачноста ќе се зголемува, додека во петок навечер и во текот на ноќта кон сабота, како и во сабота, и тоа особено во западните предели, ќе има врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен ветер од северен и од североисточен правец. Токму поради ова на планините над 1200 м.н.в  во западните предели ќе има и повремени врнежи од снег и се очекува формирање на снежна покривка.

Од недела па натаму повторно следува период на претежно стабилно и суво време. Температурите до петок ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, додека за време на викендот истите ќе бележат тенденција на значителен пад и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени. Во Скопје и околината до петок времето ќе се задржи стабилно и суво, додека во текот на ноќта петок кон сабота ќе има услови за повремени врнежи од дожд кога ќе дува и засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачува до околу 17 степени, вели метеопрогнозерот Попоски и напоменува дека до петок по одделни котлини и речни долини во утринските и ноќните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност.

 

Слични објави

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....