10.8 C
Скопје
01:21 - 4 април, 2026

Славчо Попоски најавува: ОД УТРЕ времето значително се менува – еве како!

– Денес времето во Македонја ќе се задржи облачно, ЗНАЧИТЕЛНО ПОСВЕЖО, врнежливо насекаде и ветровито. Најинтензивни врнежи ќе има во југозападните и во јужните предели од Македонија каде локално ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (околу 40 л/м2). Исто така во јужните предели ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Денес ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од источен и од североисточен правец.
На највисоките планински врвови ќе има услови и за провејување на снег. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.
Во Скопје исто така времето ќе биде облачно, свежо и врнежливо. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 16 степени.
Од утре следува нов период на стабилно и суво време со МНОГУ ПОВЕЌЕ сончеви периоди. Наутро ќе има појава на магла по одделни котлини и речни долини. Маглата локално би можела да биде и ГУСТА. Наутро температурите понекаде ќе се спуштаат до околу 0 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен, што значи дека истите ќе бидат повисоки. Од средината на неделата температурите ќе бележат тенденција на мал пад, вели метеопрогнозерот Попоски.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....