12.8 C
Скопје
12:46 - 27 октомври, 2026

Овој политичар ги навреди сите жени во Полска – не раѓале деца затоа што пиеле повеќе и од мажите

Лидерот на полската владејачка партија „Право и Правда“, Јарослав Качињски викендов ги запали социјалните мрежи каде беше остро критикуван поради изјава дека жените во Полска не раѓаат деца затоа што премногу пиеле алкохол.  

– Ако продолжи така што до 25-годишна возраст девојките и младите жени пијат колку нивните врсници, нема да има деца. Запомнете, за да стане алкохоличар, мажот мора да пие прекумерно 20 години, а жената само две“, рече Качињски на една средбата во град во североисточна Полска.

Тој им вети на граѓаните на собирот дека полските власти ќе продолжат да обезбедуваат финансиска поддршка за семејствата и изградба на станови како една од мерките во битката со белата чума.

Конзервативците на Качињски дојдоа на власт на изборите во есента 2015 година, меѓудругото, благодарение на ветувањето за програмата за помош 500+, кога семејствата добиваат месечен детски додаток од 500 злоти за секое дете, што е околу 100 евра.

Програмата беше најавена како ефикасен начин за зголемување на наталитетот во Полска и сузбивање на белата чума, но самиот Качински по неколку години призна дека овој ефект не е ни приближно постигнат.

 

Слични објави

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova
Се вчитува....