11.8 C
Скопје
18:44 - 10 март, 2026

Славчо Попоски најавува нестабилност и дожд, еве кога

– Продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со високи температури на воздухот, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздшна маса од Африка. Ќе дува слаб до умерен, повремено и тоа особено денес засилен ветер од северен правец. Исто така исклучок ќе биде денешниот ден кога во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за ретка појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, додека во првите денови од неделата ќе бележат тенденција на мал пад и максималните температури ќе се искачуват во интервалот од 28 до 36 степени. Нов ГОЛЕМ ПОРАСТ на температурите ќе има од четврток, и истите тогаш насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите предели максималните температури ќе се искачат до 40 степени. Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.

Во Скопје и околината во следниот период времето ќе биде стабилно , суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено и тоа особено денес засилен ветер од северен правец. Исто така денес попладне има мали услови за локална и краткотрајна нестабилност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 31 и 33 степени, додека од четврток истите ќе надминуваат и 35 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо

Астро совети за секој хороскопски знак: Како најдобро да ја искористите енергијата на ѕвездите

Еспресо

Сопругата на Дарко Лазиќ бесно возврати: Државата не ни го плати ниту одморот, ниту враќањето од Малдивите!

Еспресо

Јаков Јозиновиќ по скандалот со откажаниот концерт на Цецински: „Ние продолжуваме да шириме љубов“

Еспресо
Се вчитува....