14.8 C
Скопје
09:53 - 14 мај, 2024

Љубовен хороскоп за втората половина од јули (18-31 јули): Романтика за Биковите, искушенија за Раковите, време за промени за Водолиите…

Што ве очекува на љубовен план во втората половина на месецот јули, односно од 18 до 31 јули 2022 година?

Овен – Љубовни тензии

Драги Овни, очекувајте затегнување на интимните односи. Работите може да излезат од контрола, па затоа воздржувајте се од кавги со партнерот ако не сакате да дојде до прекинување на врската. Последните три дена од месецот се многу подобри! Сепак, внимавајте – ако сакате хармонија на љубовен план, мора да бидете искрени и со себе и со саканото лице. Решавајте ги проблемите и не оставајте ништо на случајноста. Осамените Овни ќе имаат најмногу можности за нови, убави средби дури во месец август.

Бик- Романтично

Ќе добиете полна поддршка од партнерот и од сите сакани лица. Цел месец ќе биде во знакот на романтиката, а вашата способност за комуникација и доверувањето на партнерот ќе ви донесат уште постабилна врска. Оние кои ќе започнат нови врски, особено во втората половина на јули, кога многу Бикови ќе се вљубат, треба да внимаваат да не се впуштаат веднаш во креирање на сериозни планови, туку прво убаво да го запознаат партнерот. Осамените Бикови сигурно ќе најдат сродна душа! Во текот на цело летоќе имате поддршка и од пријателите кои ќе стануваат се побројни, особено во август кога во животот ќе влезат нови пријателства.

Близнаци – Уживајте во тоа што го имате

Јули не треба да биде во знакот на носење на големи одлуки. Шансите се големи дека ќе посакате да го смените животот во втората половина на месецов, но премислувањата ќе ви носат само стрес. Можеби би било многу подобро ако го цените тоа што веќе го имате! А имате – одлични пријатели и семејство кое ве разбира, затоа подобро е да ги развивате овие односи. Забавете малку, уживајте во малите детали, и престанете да мислите дека тревата е позелена на друго место. Наместо тоа уживајте во лускузот на спокојството кое ви го носи летото. Осамените Близнаци може да очекуваат фатална врска дури кон крајот на август и почетокот на септември.

Рак – Искушенија

Многу искушенија за Раковите. Односите кои се обидувавте да ги подобрите или исправите, лесно можат да тргнат во спротивна насока. Во текот на овој период, разберете дека се зависи од вашето однесување. Затоа, драги Ракчиња, бидете внимателни со вашите зборови и обидете се да вежбате трпение. Не заборавајте дека вие не сте секогаш во право! Оние кои се во врска, треба да посветат повеќе време слушајќи ги потребите на партнерот, и заедно работете на подобрување на вашите односи. Вложувањето во љубовта е задолжително ако сакате да го зацврстите вашиот меѓусебен однос. Осамените Ракчиња ќе имаат можност за нови средби, но сепак, не треба да брзаат со влетувањето во врски, зашто постои голема можност тие да се погрешни.

Девица – Не барајте се одеднаш!

Слабите врски основани во првата половина на месецот, за многу Девици лесно ќе „пукнат“ уште на во втората половина од овој месец. Оние пак, кои се постабилни, можат да бидат сериозно разнишани, а ќе биде потребно време да ги решите проблемите. Не очекувајте работите едноставно да се решат само затоа што сакате се одеднаш! Ова лето ќе биде идеално да поработите на односите, дури и вклучувајќи стручна помош. Јули е клучен месец за осамените срца – големи се шансите да влезат во сериозна врска која ќе трае…Убавата вест е што пријателите и семејството ќе бидат постојано до вас, затоа посветете време на луѓето кои ве сакаат и ќе добиете многу за возврат!

Вага – Тренирајте доверба!

Новата романса самошто не се распламтила! Понекогаш многу страст може да ве донесе до паника. Но, желбата за поседување, драги Вагички, воопшто не е романтична. Обидете се да не ја контролирате врската. Ако се чувствувате преплавени со љубов, не бегајте, туку препуштете се. Забавете малку и опуштете се. Тренирајте доверба, како во романтичните, така и во платонските врски или бидете подготвени за несогласувања во летните месеци. Осамените Ваги, во смисла на пронаоѓање нови пријатели или нова љубов, ќе мора да бидат отворени за сите. Хороскоп покажува дека без разлика кој пат да го одберете, мир и хармонија ќе преовладуваат до крајот на летото.

Шкорпија- Занесна енергија и креативност

На вас, драги Шкорпии, страста и љубовта никогаш не ви недостигале. Вам ви е секогаш јасно што сакате и обично тоа лесно го добивате. Карактеристика која ви недостига е поврзување со луѓето, а а токму оваа шанса ќе ви биде дадена бројни пати на „тацна“ токму ова лето. Ако сте интровертни, вашиот партнер ќе ве замоли да се отворите, направете го тоа! Втората половина од јули ќе биде полна со занесна енергија и креативност. Пренесете нешто од оваа енергија на меѓучовечките односи и ќе бидете изненадени од напредувањето кое може да го остварите. На почеток ќе ви биде непријатно, дури и застрашувачко. Ако сте пак, без партнер, што никогаш кај вас не трае долго, па ни во сега, бидете стрпливи и чекајте да се појави една посебна личност.

Стрелец – Проблематично лето

Пред вас е проблематично лето. Тоа се однесува и на партнерствата (љубовни), но и на пријателствата воопшто, како и на семејните односи. Меѓутоа, можеби не е лошо да дознаете на кого може да сметате во иднина. Што се однесува до вас, ќе бидете во топ форма, со сите ваши квалитети кои ве прават толку привлечни. Токму тоа може да предизвика љубомора кај некои пријатели кои се чувствуваат загрозени во ваша близина. Немојте да носите никакви важни одлуки, но немојте ни да се ограничувате. Спријателувајте се со кој сакате. Тоа е ваш живот. А од друга страна, слободно оддалечете се од пријателите кои ве кочат и имаат зајадливи коментари. До крајот на летото – вашите вистински пријатели, значително проретчени, но баш вистински, ќе бидат до вас. Како и една посебна личност!

Јарец – Недостаток на енергија

Во однос на социјалниот живот, за вас Јарци, ќе биде во знакот на Марс кој ќе направи да не бидете многу друштвени, па дури и без енергија за дружења. Луѓето ќе бидат зачудени од вашата избувливост или од недостатокот на желба за излегување и забава. Социјализацијата со вистински, позитивни луѓе, ќе ви биде неопходна токму поради купот енергија кој го потрошивте до сега. Тоа важи и за градењето на нови врски. Ако веќе сакате да почнете врска (а ќе имате шанси за тоа), барајте личност која позитивно влијае на вас, која ве смее, која ве поддржува и расположува. Совладувањето на внатрешните стравови ќе ве направи способни и во другите важни области од животот. Немојте да правите големи чекори, подобро е да работите на себе и да ја култивирате вашата личност.

Водолија – Време за промени!

Водолиите често избегнуваат романтични односи само заради тоа да си ја сочуваат својата независност. Но ова е врее за промени. Вашата чувствителна природа ќе тежнее за животна лекција која токму врзувањето може да ви ја донесе. Тоа значи дека на врската во која сте се нашле ќе ѝ дадете шанса да стане подлабока и посилна. Венера ќе ве поддржи да уживате во задоволствата и во новата блискост со партнерот. До есен, можноста да го отворите вашето срце засекогаш, е голема. Не плашете се сосема да се предадете на љубовта во овој период. Можеби се уште не сте подготвени да се посветите на некој во целост, но ова е вистинско време да се ослободите од внатрешните стравови. Вашата мирна природа и овојпат ќе ви помогне да постигнете заедништво.

Риба – Валоризација на љубовната врска

Што се однесува до семејството и пријателите, тука ќе биде се во ред. Ќе имате удобност и блискост, но и вие ќе вложувате труд во зајакнувањето на односот со пријателите и воопшто со луѓето кои ви се во близина. Во јули може да очекувате криза во врската. Но тоа ќе биде добар месец за валоризација на вашата љубовна релација. Дали во оваа врска се чувствувате добро? Ако одговорот е не, тогаш ќе мора да се проверите што давате и што добивате за возврат. Проблемите лежат во еден од вас. Затоа, одвојте доволно време за да ги дознаете проблемите и обидете се потоа да ги решите. Иако ќе има простор за недоразбирање, важно е постојано да вложувате љубов и доверба во врската. Ако и покрај тоа работите одат во погрешна насока, барем ќе знаете дека од ваша страна сте направиле се. Осамените Риби може да очекуваат среќни средби на самиот крај од месецов или на почетокот на август.

Слични објави

(Фото) Ова е ненормално, тажно, болно: Бебе лежи на под во полна арена на концерт на Тејлор Свифт

еспресо

Астропрогноза за вторник, 14 мај: Дожд од пари за овенот, непријатни вести за стрелецот

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша пожешка и од песокот во Дубаи! Пејачката се појави во минијатурно бикини

Еспресо

Главните комплекси на мажите според хороскопските знаци: Еве што ужасно ги измачува

еспресо

Кралот Чарлс зборува за непријатните последици од лекувањето на ракот

еспресо

Тончи Хуљиќ за Евровизија: „Цивилизацијата се распаѓа…“

еспресо
Се вчитува....