09:43 - 4 април, 2026

Славчо Попоски: Многу сонце, натпросечно високи температури, еве кога

– Во Македонија и тоа под влијание на Антициклон (висок воздушен притисок) времето во следните денови, вклучувајќи ја и целата седмица која што ни претстои ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност. Денес ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Исто така денес од север облачноста краткотрајно ќе се зголеми кај нас и особено на планините ќе провејува слаб снег. Потоа од утре времето ќе биде стабилно и со многу сонце, но и температурите ќе бидат се повисоки, како наутро така и преку ден.

Натпросечно високи температури ќе имаме во текот на седмицата која што ни претстои кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски и напоменува:

– Поради продорот на потопол воздух од југ, во текот на новата седмица ќе дојде до ПОЗНАЧИТЕЛНО топење на снежната покривка на планините и на Скијачките центри. Токму поради ова очекуваме и постепено зголемување на нивоата на реките и на езерата низ Македонија, особено во западните и во северозападните предели, каде на планините има најмногу снег. Можно е и нивно локално излевање – Во случај на излевање на истите препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ – вели Попоски и ги советува љубителите на скијањето: Искористете го снегот на Скијачките центри додека го има доволно, во следниот период снежната покривка ЗНАЧИТЕЛНО ќе се топи, особено од утре па натаму.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

Слични објави

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо
Се вчитува....