16.8 C
Скопје
08:51 - 15 септември, 2026

Сеизмолози: Прашање на време е кога Истанбул ќе го погоди силен земјотрес, еве кој дел најмногу би настрадал

Врз основа на повеќе истражувања, утврдено е дека е само прашање на време кога Истанбул повторно ќе го погоди силен земјотрес. Направени се научни претпоставки за тоа какви би биле последиците доколку оваа метропола ја погоди земјотрес со јачина од 7,5 степени.

Овој град со 15 милиони жители е под постојан ризик од земјотреси. Во последниот извештај што го подготвија властите и сеизмолозите, беше наведено колку луѓе би можеле да загинат и колкава материјална штета би имала во секоја од 39-те градски квартови доколку се случи земјотрес од споменатата јачина.

Беше оценето дека азискиот дел од градот е со малку помал ризик, но дека и таму ќе се урнат стотици згради.

За изработка на извештајот користени се симулации, врз основа на кои е утврдено дека има потреба од зајакнување на конструкцијата и за реконструкција на стари објекти.

Се претпоставува дека повеќе од 465 луѓе би загинале во областа Авиклар и дека повеќе од 1.500 луѓе би биле повредени. Би било потребно итно да се најде сместување за 104.000 жители. Во овој дел на Истанбул во 1999 година се случи земјотрес со јачина од 7,4 степени, при што загинаа стотици граѓани.

Се претпоставува дека повеќе од 668 луѓе би загинале во областа Зејтинбурн и дека повеќе од 5.330 згради би се урнале и/или би биле значително оштетени. Во Фатих, кој е еден од најстарите квартови во Истанбул, ќе бидат оштетени 72 отсто од зградите, ќе загинат повеќе од 1.484 луѓе и ќе биде неопходно итно да се најде сместување за 140.352 жители. Во овој дел од градот се наоѓа и една од светските знаменитости – Сината џамија.

Истанбул минатата година беше погоден од земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер, што беше најсилниот земјотрес во последните години. Многумина потсети на земјотресот од 1999 година. Исто така во 1999 година, земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала се случи во градот Голчук, и во таа прилика загинаа повеќе од 17.000 луѓе.

Турција е меѓу сеизмички најактивните зони во светот, пишува Daily Sabah.

Слични објави

Хороскоп за 15 септември: Биковите ќе се фокусираат на нивните цели, Лавовите ќе покажат лидерство

Еспресо

(Фото) Крзнен шал наместо здолниште и обична бела маица – Сенида во необично издание на настап

Еспресо

Саша Ковачевиќ имал операција, а само три дена подоцна застана на сцената

Еспресо

(Фото) Изненадување од саканиот – романтичен роденден на Цеце Николова

Еспресо

Жешки сцени од спалната соба — Теодора Џехверовиќ направи хаос на социалните мрежи

Е.А.

(Фото) „Мојот херој“: Емотивна приказна за помалиот син на Панчо, Марјан

Еспресо
Се вчитува....