12.8 C
Скопје
18:00 - 3 април, 2026

Славчо Попоски: Еве кога ќе имаме дожд и промена на времето

– До крајот на оваа недела во Македонија ќе се задржи НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО време за овој период од годината и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса која продира од југ.

Времето ќе биде претежно сончево, додека од четврток облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за локален слаб дожд. Исто така од четврток ќе започне да дува ветер од јужен и од југозападен правец и истиот особено за време на викендот ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени, доека во југоисточните предели истите се очекува да се движат и до околу 10 степени. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, а во централните и во југоисточните предели температурите се очекува да се искачат дури и над 20 степени (односно до 22 степени).

Во Скопје  и околината продолжува периодот на НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО време за овој период од годината. Ќе биде претежно сончево со повеќе облачност од четврток кога ќе започне да дува и ветер од јужен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 18 и 20 степени.

Ако состојбата со времето продолжи вака подолг период оваа година ЗНАЧИТЕЛНО ПОБРГУ ќе имаме будење на природата – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

 

Слични објави

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.
Се вчитува....