10.8 C
Скопје
08:44 - 25 октомври, 2026

(Фото) Андреа Ботез, шахистка и генијалка со заносен изглед: Со убавината ги збунува противниците

Важи за најубава шахистка во светот, има коефициент на интелигенција над 160, дипломирала меѓународни односи, а станала прва жена претседателка на шаховскиот клуб „Станфорд“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea Botez (@itsandreabotez)

Во светот на спортот има бројни убави жени, но моментно една од најпопуларните убавици меѓу спортистките е 20 годишната канадско-американска шахистка Андреа Ботез. Андреа повеќе личи на супермодел отколку на професионална шахистка, но сепак е шампионка во својот спорт и има повеќе од половина милион следбеници на социјалните мрежи.

Почнала да игра шах како од шестгодишна возраст под менторство на татко ѝ, а со текот на годините станало јасно дека е исклучително талентирана за оваа игра за која не е потребна сила на мускулите, туку на умот. Всушност, таа влегла во светот на шахот по примерот на нејзината постара сестра Александра, која зад себе има шест титули на државна шампионка и ја носи титулата ФИДЕ-мајстор на Меѓународната шаховска федерација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea Botez (@itsandreabotez)

Од друга страна, Андреа со само 13 години стана женски шампион на Британска Колумбија во шах. Во декември 2022 година, убавицата играше партија шах со велемајсторката Дина Беленкаја, а „битката“ преку стриминг ја следеа над 300.000 луѓе. Андреа го загуби тој натпревар со шах-мат.
Инаку, покрај класичниот шах, Андреа се испроба и во шаховски бокс, посебна дисциплина која комбинира елементи на боречки вештини со шах. Тоа е дисциплина во која натпреварувачите започнуваат со трчање и триминутен бокс, а потоа играат триминутна партија шах.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea Botez (@itsandreabotez)

Андреа е посебна и по тоа што има широки интереси. Во 2017 дипломирала на меѓународни односи и станала прва жена претседателка на шаховскиот клуб „Станфорд“. Коефицентот на интелигенција ѝ е над 160, а ја сметаат за генијалка со заносен изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea Botez (@itsandreabotez)

Слични објави

(Фото) Синот на Брена тргна на пат со девојката: Фотографијата од лифтот привлече внимание, сите гледаат што има на рамото

Еспресо

(Фото) Карлеуша од глава до пети во „Гучи“, од вкупната цифра ќе ви се сврти во главата!

Еспресо

„Каде и да одиме, Верица ме срами“: Вељко Кузманчевиќ се пошегува за сопругата која е 35 години постара од него

Е.А.

„Нема утеха“, песната со која Александра Пилева го освои „Макфест“: „Секојпат кога ја пеам ме обземаат емоции“

Т.Ц.

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо
Се вчитува....