23:41 - 14 мај, 2026

Хаос во „Ѕвездите на Гранд“, Јелена Карлеуша жестоко му одговори на Саша Поповиќ: „Откако не сум таму, никој не ве гледа!“

Пејачката Јелена Карлеуша му одговори на Саша Поповиќ откако тој, меѓу другото, рече дека ѝ дал шанса да биде членка на жирито на музичкиот натпревар, популарната емисија „Ѕвездите на Гранд“ откако до 2015 година Јелена била забранета од сите национални телевизии, а хонорарот од музичкото шоу таа до 2020 година го зголемила за 300 отсто.

– Таа сигурно многу придонесе за „Ѕвездите на Гранда“, но и ние за неа –  рече Поповиќ.

Реакцијата на Карлеуша сепак беше жестока, како и сè што е поврзано со „Ѕвезде Гранда“ по напуштањето на шоуто пред неколку сезони.

– Го сакам Сале. За жал, се што кажа е вистина. Вистина е дека цела кариера сум забранета, што е сурова и тажна вистина на мојот живот и кариера, голема неправда и кршење на човековите права, нели? Вистина е и дека хонорарот за концерти ми е зголемен за 300 проценти, поточно три пати повеќе. Сега сум најплатена, да! Точно е дека ми подаде рака кога никој не сакаше, но затоа работев шест години без динар, бидејќи сум доблесен и добар човек кој знае да цени. Се оддолжив. Верувам дека се оддолжив, дека „Ѕвезде Гранда“ го имаа најголемиот врв и процут со мене. Вистина е и дека откако не сум таму веќе никој не гледа „Ѕвезде Гранда“. Тоа го знаат сите – напиша на Инстаграм Јелена.

Карлеуша тврди дека по шест години ја напуштила емисијата „Ѕвезде Гранда“ бидејќи продукцијата не сакала да ја плати соодветно.

– Верувам дека ќе беше многу подобро да ме платија, отколку што го доведоа целото шоу во пропаст и непоправлива загуба. И за крај, драг мој Сале, ако „Ѕвезде Гранда“ е толку волшебна, зошто на никој друг не му скокаше хонорарот освен мене? Одговорот е едноставен, бидејќи јас се борев за тоа. Ќе повторам, „Ѕвезде Гранда“ не постои без мене. Никој не пишува за вас, освен кога ме спомнуваш во медиумите или кога некој кандидат ќе пее моја песна – заврши Карлеуша.

Саша Поповиќ ја откри цената на Карлеуша: Одговори на сите непознати детали од „Ѕвездите на гранд“

 

Слични објави

(Фото) На Весна Змијанац ѝ се слошило пред почетокот на концертот, пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Торта со тигри и роденденски прскалки – еве како Вељко Ражнатовиќ го прославува роденденот на најмладиот син

Еспресо

(Видео) Мајкл Џексон има двојник во Бразил: Сличноста е неверојатна!

msp-admin

(Видео) Беше тешко за сите: Емина Јаховиќ во Скопје се отвори за разводот со Мустафа Сандал

msp-admin

Нешто сосема лично: Иван Босиљчиќ сподели важни вести

apostolova

(Фото) Ретка заедничка приказна за Адријана Алачки и Ирена Спасовска

msp-admin
Се вчитува....