14:43 - 2 април, 2026

Славчо Попоски: Доаѓаат доста студени утра, проверете кога

– Од денес па во следните денови следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена, а повремено и локално и позначителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 9 степени, додека понекаде истите е можно да се спуштат и малку под нулата со што е можна појава на мраз и слана. Максималните пак ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, додека од петок па за време на викендот ќе биде нешто потопло со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.

Во Скопје и околината исто така времето ќе биде стабилно, суво и сончево со умерена облачност. Мора да се напомене дека наутро и во Скопје ќе биде доста студено со минимални температури кој ќе се спуштат дури и под 5 степени, додека максималните температури ќе се искачуваат до околу 20 степени, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо
Се вчитува....