11.8 C
Скопје
09:14 - 20 април, 2024

Дали знаете што е тромбофлебитис? Се јавува на секои 1.000 луѓе

Тромбофлебитис претставува формирање на тромб (згрутчување) во поткожниот венски систем со придружен воспалителен процес. За разлика од тромбофлебитисот, кој претставува формирање на тромботски процеси во поткожните вени, длабоката венска тромбоза ги опфаќа вените што се наоѓаат подлабоко во ткивата. Тромбофлебитис може да се појави на кој било екстремитет и дел од телото, но најчесто се среќава на нозете, и тоа во сливот на големата сафенова вена (вена saphena magna). Најчесто се зафатени површинските вени на нозете во кои притисокот е висок кога човекот стои.

Причините за тромбофлебитис може да бидат присуството на проширени (варикозни вени), состојба на хиперкоагулабилност на крвта, траума (повреда) на поткожните венски крвни садови, состојба што го компромитира нормалниот проток на крвта (долготрајно седење, стоење, дебелина…), бременост, менопауза, некои малигни состојби. Исто така, до појава на тромбофлебитис може да дојде и по јатроген пат при вадењето крв, при поставувањето канили и катетри, поставувањето на бандажи на неправилен начин, повторени инфузии.

Статистичките податоци покажуваат дека тромбофлебитис се јавува приближно на секои 1.000 луѓе. Жените се почесто погодени од тромбофлебитис отколку мажите. Најчесто се појавува кај лица постари од 40 години, но може да се појави и на која било возраст.

Како се манифестира тромбофлебитис?

Симптомите и знаците на тромбофлебитис најчесто се:
– појава на болка во сливот на венскиот поткожен сплет (во вид на пајакова мрежа)
– најчесто може на допир да се почувствуваат тврди формации под кожата, во облик на ленти
– кожата е црвена, отечена и многу болна на допир
– локално редовно се појавува зголемена телесна температура
– знаците на воспаление траат 1-2 недели
– ако има оток на екстремитетите, во прашање е длабока венска тромбоза
– тромбофлебитисот може да се искомплицира со појавата на апсцес, сепса и емболични компликации
– пациентите може да добијат зголемена телесна температура и да развијат чувство на губење на апетитот, малаксаност и слабост, што може да укаже на процесот што лежи во основата на тромбофлебитисот.

Како се дијагностицира тромбофлебитис?
Анамнезата со клиничка слика и објективен преглед е доволна за да се дијагностицира тромбофлебитис.
Дефинитивната дијагноза на тромбофлебитис се поставува со ултразвучен доплер, со преглед на крвните садови.
Поретко се користат контрастните инвазивни снимања, како што е флебографијата, но и таа доаѓа предвид.

Како се лекува тромбофлебитис?
Лекувањето на тромбофлебитисот подразбира ординирање на антикоагулантна терапија, како локално (масти и гелови со хепарин), така и парентерално (најчесто се пропишани нискомолекурални хепарини).
Исто така, се советува употреба на алкохолни облоги локално и ставање еластичен завој, со цел да се спречи ширењето и движењето на тромботските маси. Со цел да се спречи агрегацијата на тромбоцитите, се пропишува аспирин.
На болниот му се советува одење, односно активирање на мускулната пумпа. Мирувањето и пасивното стоење го поттикнува растот на тромбот. Кај пациентите со површен тромбофлебитис, се советуваат прошетки и континуирана примена на еластичен завој, што ја забрзува активноста на мускулната пумпа и се спречува протокот на крв во површниот систем.

Слични објави

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо

(Фото) Која е жената со генијален ум која го контролира секој потег на Тејлор Свифт: Не се одвојува од неа и нема свој живот, но затоа има милиони

еспресо

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо
Се вчитува....