9.8 C
Скопје
08:30 - 28 март, 2026

Славчо Попоски алармира на нов бран врнежи и пад на температурите, еве кога!

– До петок во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Наутро по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и на ниска облачност. Исто така наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 7 степени, додека во Малешевијата истите се очекува да се спуштат само малку под нулата. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен.

Нов бран на врнежи барем според последните анализи ќе има за време на викендот кога се очекува нов ПОЗНАЧИТЕЛЕН ПАД на температурите.

Во Скопје и околината до петок времето ќе биде стабилно, суво и сончево со претпладневна магла и ниска облачност. Нов бран на врнежи се очекуваат во текот на ноќта петок кон сабота. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 17 и 18 степени, додека наутро истите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 4 и 5 степени.

Слични објави

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо
Се вчитува....