16:31 - 30 јануари, 2026

Сите тетоважи на Бен Афлек пред Џенифер Лопез: Со цртеж од ајкула го покри името на бившата

Џенифер Лопез и Бен Афлек се моментно најубавите и највљубените парови во Холивуд. По кризата на Греми, се чини дека меѓу двајцата се врати спокојството а тоа го потврди и најновата вест која веќе неколку дена се шири низ порталите – дека направиле слични тетоважи како симбол на нивната љубов.

Тетоважите ги направија на Денот на вљубените, а подоцна истиот ден го прославија со романтична вечера во ресторан.

На актерот не му се непознати тетоважите. На телото има навистина многу од нив, некои и големи, особено на грбот, каде има огромен феникс од 2015 година – на почетокот рече дека е лажен, дека е направен за филм.

Конкретно, оваа тетоважа воопшто не и се допадна на неговата поранешна сопруга Џенифер Гарднер, која во 2016 година за Vanity Fair коментираше: „Феникс што се издига од пепелта? И јас треба да бидам пепелта? Одбивам“.

Подоцна, дури и Џеј Ло за време на гостувањето во „Watch What Happens Live“ откри дека не ѝ се допаѓа тетоважата феникс и дека ја смета за премногу шарена.

инстаграм

Подоцна, актерот беше виден со стилизиран делфин на долната страна од грбот и објаснил дека тоа го направил во 2011 година за да ја прикрие претходната тетоважа на која го пишувало името на неговата бивша партнерка.

инстаграм

Во 2003 година, додека се снимаше филмот „Џигли“ заедно со Џенифер Лопез (токму на ова снимање се вљубија за првпат двајцата актери), Бен се појави со тетоважа од роза на десната рака со меч и шпил карти.  Филмот се покажа како пропуст, но сега се размислува за римејк или продолжение.

инстаграм

Уште порано, во 2002 година, тој додаде тетоважа на голем крст опкружен со цвеќиња на левото рамо.

Конечно, за да го прослави првиот Ден на вљубените заедно со Џеј Ло, првиот по венчавката, тој со партнерката реши да додаде уште една тетоважа на неговата и онака голема колекција. Сега тој има две вкрстени стрели истетовирани во близина на пазувите со иницијали Џ и Б, додека таа го има симболот на бесконечноста вкрстен со стрела под градите.

Слични објави

(Фото) Ален Исламовиќ годишно заработува 50.000 евра само од ова: Вака изгледа луксузната вила со базен, тениско игралиште и плантажа со лешници

Еспресо

Душица Јаковљевиќ потврди дека Мина и Каспер влегуваат во „Задруга 9 Елита“: Откри детали за нивната врска зад камерите

Еспресо

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо

(Фото) Како грчка божица: Нина Бадриќ ги остави сите без здив во бел свилен фустан

Еспресо

Едита Арадиновиќ има здравствени тегоби во бременоста: „Сѐ ме снајде, само уште вода во колената немам“

Еспресо
Се вчитува....