21:31 - 11 јули, 2026

Што предвидува договорот за разделба на Шакира и Пике: 2,5 милиони евра и…

Шакира и Пике, преку своите адвокати, се обидуваат да стигнат до финален договор за разделба, а за сега, еве што е договорено.

Се очекува нов живот на хоризонтот за Шакира, нова свежина по официјализирањето на нејзината разделба со Жерар Пике.

Колумбиската уметница ќе замине да живее на Флорида со децата (кои ги има заедно од врската со фудбалерот на Барселона), Милан и Саша, и ќе мора да ги сноси трошоците за одржување, оставајќи ја Барселона, а со тоа и Шпанија.

Според она што го објави „Кориере“, се уште не се знае дали договорот за разделба меѓу двајцата сега најозборувани поранешни партнери ќе претрпи уште некое дополнување, или е фиксиран како конечен.

Она што е сигурно е дека – според договореното – играчот на Барселона ќе добие 2,5 милиони евра, голема сума што ќе покрие 20% од долгот што треба да се подмири, и најмалку 5 патувања годишно во прва класа со авион, од Барселона до Мајами, за период од една година, да се види со децата.

Шакира од своја страна треба да се грижи за децата и да плаќа училишта. Со оглед на тоа што старателството паѓа на неа, кај неа остануваат и сите останати трошоци за децата, без алиментација, но со право да се отсели од Шпанија и да се пресели, заедно со децата, во САД.

Во договорот е вклучена и една точка која до сега Пике не ја почитува. Имено, годишниот договор предвидува дека во времетраење во тој период (од една година) ниту еден од поранешните партнери да не се појави во јавност со нов потенцијален партнер/ка. Пике пак, како што знаеме, веќе се појави во јавност (и тоа за сега два пати) со новата избраничка, 23 годишната Клара Чиа Марти за која се зборува дека е, веројатно, бремена од фудбалерот.

Слични објави

Драгана Катиќ се огласи од козметички салон и откри како го одржува младешкиот изглед

Т.Ц.

Се сеќавате на Дин од Евровизија? Сега е во љубов со Американец и вели дека е „темел на неговиот живот“

Еспресо

(Фото) Оливера Балашевиќ во дрес на Аргентина го следеше Светското првенство со внукот во раце: „Фудбал и ние двајца“

Еспресо

Барате сандали што го дефинираат летниот стил? Новата понуда ве очекува во „Chantel“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Лепа Брена ужива во луксузен одмор, а нејзиниот изглед повторно привлече внимание

Еспресо

(Фото) Сузана Манчиќ покажа како изгледа без шминка на прагот на осмата деценија: Воодушеви со природниот изглед

Еспресо
Се вчитува....