0.8 C
Скопје
05:10 - 27 октомври, 2026

Потресно аудио на Бритни Спирс: Од напади на семејството „буквално ме убија. Ме исфрлија“, до одбиените пари на Опра и планираното бегство со тајниот љубовник

Бритни Спирс објави дека одбила да снима интервју со Опра Винфри, за што и било ветено дека ќе добие голема сума пари. 

Во неделата, 28 август, пејачката објави 22-минутно аудио клип на Јутјуб. Во него, таа призна дека одбила искрено интервју за пари сметајќи дека „нема да добијам ништо од споделувањето на сето ова“

Во аудио прилогот, изведувачката зборуваше и за односите со семејството, малтретирањето, принудното лекување во психијатриска клиника.

„Буквално ме убија. Ме исфрлија“, рече Бритни Спирс за своето семејство. Роднините, според пејачката, ја напуштиле, па дури и обожавателите на концертите биле третирани со повеќе љубов и топлина.

Бритни Спирс проговори и за тајната врска за време на старателството на нејзиниот татко кое го имаше над неа.

„Разговарав со мојот дечко, а тој сакаше да ја напушти земјата со мене“, се сеќава пејачката.

Таа заедно со поранешниот љубовник се обидела да го организира своето бегство, но многу се плашела од гневот на нејзиниот татко.Спирс не го именувала своето поранешно момче. Да потсетиме, Бритни Спирс беше под грижа на нејзиниот татко од 2008 до 2021 година. Оваа година таа се омажи за фитнес тренерот Сем Асгари.

Сепак, долгото аудио кое Бритни го постираше и со кое ги потресе фановите, набргу самата го избришала.

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....