22:04 - 7 ноември, 2026

Шокантно признание на Бобан Рајовиќ – со години криел од семејството дека должи половина милион евра, сопругата сакала да скокне од тераса

Популарниот пејач Бобан Рајовиќ за првпат отворено проговори за најтешкиот период во својот живот и сериозните финансиски проблеми. Тој призна дека со години криел од сопругата и децата дека е во огромен минус, сè со цел да ги заштити од стрес додека ја градел кариерата.

Пејачот имал два буџети – еден домашен за кој семејството мислело дека сè е во совршен ред, и друг „на црно“, преку кој се задолжувал за албуми, спотови и промоции. Кога долгот достигнал вртоглава сума, решил конечно да ги отвори картите.

„Дојде денот кога морав да признаам и да кажам: ‘Луѓе, имаме еден детаљ, должиме околу 400.000 до 500.000 евра’. Во тој момент на сопругата ѝ дојде да скокне од тераса. За обичен човек тоа се премногу пари. Беше тешко бидејќи сопругата ми е многу дисциплинирана и точна жена која почнува да се тресе ако сметката не е платена на први во месецот. Кога ја слушна таа цифра, воопшто не ѝ беше лесно“, се присетува Рајовиќ.

Фолкерот нагласува дека неговото криење не било чин на издавање, туку исклучиво желба сам да го поднесе целиот товар. За среќа, во решавањето на долгот веднаш му помогнал синот Андрија, па со заеднички сили и со големата заработка од настапите успеале брзо да ги вратат парите и да ја стабилизираат ситуацијата.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....