14:53 - 31 јули, 2026

„Фала што си тука за мене“: Ќерката на Живкица Каленикова на посебен начин ѝ го честиташе роденденот на мајка си

Ќерката на Живкица Каленикова, Ана, ѝ испрати емотивна порака на својата мајка со посебен повод.

Познатата водителка Живкица Каленикова вчера прослави роденден. Меѓу неколкуте честитки од блиските на Жиле, најпосебна и најемотивна е честитката од нејзината ќерка Ана која водителката ја сподели на нејзината инстаграм-приказна.

Ана на својот инстаграм-профил објави неколку заеднички фотографии и искрени зборови, со кои ја покажа неизмерната љубов и почит кон својата мајка.

„Најсреќен роденден мами да си жива и здрава и сите желби да ти се исполнат! Те сакам најмногу на цел свет и сакам најубаво да си поминеш на твојот роденден. Фала што си била тука за мене и уште си. Многу сум задоволна што имам мајка како тебе и никогаш не би сакала друга мајка, ти си единствената мајка што ја сакам. Поради тебе јас сум жива и здрава и фала ти многу што ме направи. LOVE YOU најмногу на целиот свет и сакам да си среќна и да се смееш цел живот твoj LOVE YOU“, објави Ана.

Фото: Скриншот

Живкица е во среќен брак со познатиот бизнисмен Зоран Калеников, со кој има три деца.

Најстариот син Даријан, кој е полуматурант, има 15 години, вториот син Марко има 13 години, а единствената ќерка Ана, најмалата во семејството, има 12 години.

На професионален план, по долгогодишниот успех на емисијата „Тунел“, таа ја продолжува својата авторска и водителска приказна со актуелното „Жилет шоу“.

За ќерката Ана, Живкица во едно интервју за „Слободен печат“ изјави:

„Ана ме изненадува, таа има дневна и ноќна рутина. Сите беа во шок кога ја видоа, мислеа дека јас сум ја подготвувала, но не. Таа има дневна и ноќна рутина на нанесување кремови на лицето и веројатно природно ѝ доаѓа тоа и има работи што ги знае повеќе од мене. Така што, смешно е, различни се, машки и женско, и весело е по дома“, вели познатата ТВ-новинарка.

Слични објави

Маја Беровиќ за кариерата, рекордите и односите меѓу пејачите

Е.А.

„Јас синоќа една прецртав“: Марија Шерифовиќ си исполни голема желба, па откри која е

Еспресо

Обожавателка го гаѓала Слоба Радановиќ со чизма откако одбил да ја бакне

Еспресо

Каков живот води денес Иван Босиљчиќ? Еве што велат во неговиот роден крај

Е.А.

Една одлука може да ти го промени животот – дали си подготвена за следниот чекор?

Еспресо

Заедно се повеќе од две децении и покрај бројните искушенија, а нивната приказна е судбинска

Е.А.
Се вчитува....