14:04 - 26 ноември, 2026

Шокантно откритие: Јована Пајиќ и Сале Тропико сè уште се во брак, неодамна прославиле 14-годишнина

Фронтменот на „Тропико бенд“, Александар Цветковиќ – Сале Тропико, неочекувано проговори за разводот со пејачката Јована Пајиќ и откри нешто што никој не го очекуваше. Иако со години се пишуваше за нивната разделба, а и двајцата јавно зборуваа дека секој тргнал по свој пат, Сале сега шокираше со признание дека – формално сè уште се во брак.

Во емисијата „Амиџи шоу“, водителот Огњен го прашал директно:

„Дали си разведен или не?“

„Не, сè уште, верувал или не“, одговори Сале.

„Лажеш?“, се зачудил Огњен.

„Еве, пред некој ден славевме 14 години брак. Наскоро ќе се разведеме и на хартија, но моментално сме во брак“, изјави пејачот, оставајќи ги сите во студиото без зборови.

Како потсетување, по разделбата со Јована Пајиќ, со која ги има ќерките, Сале влезе во нова љубовна врска. И покрај тоа, тој вели дека со поранешната сопруга одлично функционираат и откри дека ја поканил на неговиот концерт закажан за 29 декември.

„Скоро сè е подготвено, останува само уште малку мултимедија. Никогаш не сме правеле концерт на крајот од годината. Секогаш се прашувам кои се тие луѓе што излегуваат кога сите се занимаваат со тоа дали ја купиле елката. Ќе се потрудиме да отпееме што е можно повеќе песни, но не баш сите – концертот би траел до Нова година“, рече пејачот низ насмевка.

Потоа додаде:

„Ќерките се тука, и двете прекрасно пеат, но не знаеме со што ќе се занимаваат – талентирани се. Хелена сега е во поинаква фаза, на крај е училишната година, па јадно дете учи цел ден. Со Јована вчера се ‘скаравме’ жестоко околу корка леб – се шегувам, секако. Нормално дека сме во добри односи, пред сè сме пријатели“, изјави Сале Тропико.

Слични објави

(Фото) Како актерките од стариот Холивуд: Бергузар Корел блесна во кадифен фустан и рубини

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Неда Украден во домашно издание без шминка: „Најголема радост е со љубов да се подготви трпеза за најблиските“

Е.А.

(Видео) Верица Ристевска по долго време повторно пред скопската публика: легендарниот глас се враќа на сцената

Еспресо

Едита Арадиновиќ за мајчинството, кредитот за куќата и односот со поранешниот партнер: „Зоја има прекрасен татко, а мене во моментов ми е важен мирот“

Е.А.

Совршен десерт за студените денови — рецепт за сочен колач со цимет и овесно брашно

К.С.
Се вчитува....