00:38 - 3 ноември, 2026

(Фото) Го засакав: Ивона Јо искрена за својата животна промена

Пејачката Ивона Јо со статус и фотографии на Инстаграм раскажа за својата нова животна промена која ѝ се случува сега.

Пејачката од Куманово, која е позната по својот квалитетен глас, објави фотографии како вежба во теретана и тоа го опиша на овој начин: „Го засакав патот. Не чекајќи ја иднината – присутна во сегашноста. Само Твоја љубав Боже.“

Последните зборови се стихови од песна на Тони Цетински која ја објави покрај фотографиите. Потоа, Ивона му честиташе роденден на докторот кој ја оперираше во Турција.

Фото / Инстаграм

Неодамна, Ивона Јо рече дека имала големи здравствени проблеми пред операцијата на желудникот, на која се подложи во 2021 година и по која драстично ослабе. Во јули годинава, таа беше на уште една операција за отстранување на вишокот кожа.

– Јас да не ја направев таа операција, ќе бев на многу тешки таблети. Кога дојдоа кај мене со ласерот за вадење на желудникот ми рекоа дека сум пред шеќер, пред таблети за маснотија, пред сѐ – рече Ивона неодамна во поткастот „Естраден лексикон“.

 

 

Слични објави

Болна исповед на Дарко Лазиќ по смртта на брат му Драган: „Половина од мојот живот си однесе со себе“

Еспресо

Коста ќе добие вистинско богатство за 18. роденден: Дара Бубамара ја подготвува прославата, дала огромни пари за подарокот

Еспресо

Неда Украден се прости од Мишо Ковач со потресни зборови: Ова засекогаш ќе го памети

Еспресо

Хрватска го оплакува Мишо Ковач, знамињата на половина копје

Еспресо

Војаж стана татко, доби дете со мистериозната свршеница

Еспресо

(Видео) Дани Ѓуровска и сопругот Денис ја воодушевија публиката со романтичен танц на концертот на Сергеј Четковиќ

К.С.
Се вчитува....