15:36 - 1 април, 2026

Шер бара старателство на полнолетниот син поради психички проблеми: Пејачката ја обвинува снаата што син ѝ користи дроги

Пејачката тврди дека нејзиниот син има проблеми со дрогата, но и нарушено физичко и психичко здравје. Таа ја обвинува поранешната снаа за тоа што му се случило.

Американската пејачка Шер (77) поднела документи со барање за старателство на нејзиниот 47-годишен син Елајџа Блу Алман за да управува со неговите финансии „поради сериозни проблеми со менталното здравје и злоупотреба на супстанции“, пренесува TMZ.

Уметницата тврди дека нејзиниот син е зависник од дрога, и дека не може да управува со финансиските работи и има здравствени проблеми, физички и психички.

Првото рочиште за овој предмет е закажано за 06.03.2024 година.

Елајџа Блу е син на Шер и покојната рок ѕвезда Грег Алман, кој почина во мај 2017 година на 69-годишна возраст. Пејачката рече дека Елајџа добива интервални плаќања од фондот создаден од Алман и ја изрази својата загриженост дека тој ќе ги искористи своите пари за купување нови дроги наместо да плаќа за основните трошоци.

Шер смета дека како мајка најмногу ѝ одговара да биде старател и добила семејна поддршка по ова прашање.

Славната личност верува дека нејзиниот син бил под екстремно негативно влијание на неговата поранешна сопруга, 36-годишната Марианџела Кинг, која сега ги попречува напорите Шер да му ја даде потребната помош.

Кинг и Шер претходно јавно се караа, а Кинг тврдеше дека Шер се обидела да го киднапира Елајџа минатата година за да го испрати на рехабилитација. Пејачката ги негираше сите обвинувања од поранешната снаа.

Слични објави

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо
Се вчитува....