14.8 C
Скопје
11:17 - 20 април, 2024

Шакира за прв пат го коментираше раскинувањето со Жерар Пике: „Понекогаш ми се чини дека сè ова е ноќна мора“

Шакира позираше за американскиот Ел и даде интервју во кое го коментираше раскинувањето со фудбалерот Жерар Пике: ѕвездите раскинаа во јуни по повеќе од 10 години брак поради неверствата на Пике.

Во интервјуто Шакира признава дека генерално поминува низ тежок момент во животот – борбата за старателство на децата, како и обвинувањата за затајување данок.

Таа го опиша овој период од нејзиниот живот како „еден од најтемните“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ELLE Magazine (@elleusa)

Шакира исто така рече дека „создавањето музика е како одење кај психијатар, само поевтино“ и ја спореди креативноста со сплав на кој се прилепува давеник.

Пејачката за прв пат детално проговори за тоа како минува низ овој период по раскинувањето со Пике.

– Навистина е тешко да се зборува за тоа лично, особено што првпат се осврнувам на оваа тема во интервју. Молчев и само се обидував да размислам за работите. Тешко ми е да зборувам за тоа, особено затоа што се уште сум загрижена, затоа што сум пред јавноста и затоа што нашето раскинување не е како нормално раскинување. Така беше тешко не само за мене, туку и за моите деца. Неверојатно тешко.

Папараците деноноќно дежураат пред мојата куќа, а јас немам каде да се кријам од нив со децата, освен дома. Не можеме да шетаме во паркот како нормално семејство, ниту да јадеме сладолед, ниту да правиме било што без папараците да не демнат. Значи тешко е, открива Шакира.

На прашањето како децата минуваат низ овој период, таа одговара:

– Се обидов да ја премолчам оваа ситуација пред моите деца. Се трудам да го направам тоа и да ги заштитам бидејќи тоа е мојата мисија број еден во животот. Но, потоа тие ќе слушаат нешто на училиште од нивните пријатели или налетуваат на некоја лоша вест на социјалните мрежи,  а тоа само ги боли – објаснува пејачката.

– Се трудам што повеќе да ја скријам ситуацијата од нив. Таа е многу тажна за две деца кои се обидуваат да ја преболат разделбата на нивните родители. И понекогаш едноставно ми се чини дека сето тоа е лош сон и дека во одреден момент ќе се разбудам. Но, не, тоа е реално. А она што е исто така реално е фрустрацијата што ја чувствувам кога гледам како нешто толку свето и посебно – како однос на татко со своите деца – е претворен во нешто вулгаризирано и девалвирано од медиумите. И сето тоа додека татко ми беше на интензивна нега и се борев со разни проблеми.

– Како што реков, ова е веројатно најтемниот момент во мојот живот. Но, тогаш помислувам на сите оние жени ширум светот кои минуваат низ тешки периоди, ситуации исто толку лоши како мојата, или потешки, уште полоши. За жените како мене кои веруваат во семејните вредности, кои сонуваа да имаат едно семејство за цел живот, погледот на тој сон скршен на парчиња е една од најболните работи низ кои може да се помине. Но, мислам дека ние жените сме силни. Издржливоста е вродена во нас, заклучува Шакира.

Пејачката рече дека децата се тие кои и помагаат да се справи со ситуацијата.

– Се справувам со ова со тоа што веројатно се потсетувам дека треба да бидам пример за моите деца, дека треба да бидам она што тие го сакаат. Исто така, сакам да бидам блиска со сите луѓе кои ми ја покажаа својата љубов и поддршка. Тоа е мојата најголема сила. Тоа е мојот најмоќен мотор во моментов.

Зборувајќи за битката за старателство, пејачката вели дека без разлика на се, Пике останува татко на нејзините деца и се надева дека тие ќе можат „да сфатат што е најдобро за нивната иднина, нивните сопствени животни соништа и што е правична одлука.

Слични објави

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо

(Фото) Која е жената со генијален ум која го контролира секој потег на Тејлор Свифт: Не се одвојува од неа и нема свој живот, но затоа има милиони

еспресо

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо
Се вчитува....