0.8 C
Скопје
05:34 - 10 март, 2026

Шакира со нова стрела кон Пике: „Постои место во пеколот…“

Понеделникот започна со контроверзии бидејќи беше објавено дека Шакира го дава своето прво интервју за „Ен Пунто“, ТВ-емисија на мексиканскиот канал Лас Естрелас, повеќе од половина година по нејзината разделба со Жерар Пике. Интервјуто доаѓа по нејзините четири песни против Пике и неговата нова партнерка, Клара Чиа.

За целото интервју ќе треба да почекаме до денес вечер, кога интервјуто ќе биде целосно емитувано, но уредниците на програмата споделија краток преглед со кој можеме да видиме дел од изјавите на колумбиската суперѕвезда.

„Во пеколот има место резервирано за оние жени кои не ги поддржуваат другите“, изјави Шакира за Ен Пунто.

„Подготвена сум за следната рунда, нека навали животот и нека ми покаже што друго ми спрема“.

Контроверзните стихови на нејзините најнови синглови „Te felicito“, „Monotonía“, „Music Session #53“ и „TQG“, заедно со ова последно интервју, нè наведуваат да веруваме дека пејачката нема да молчи и ќе изнесе на виделина нови детали за најозборуваното раскинување во последно време.

Шакира со новинарот

„Отидовме во Барселона да разговараме за нејзината музика и за текстовите, моментот низ кој минува во кариерата и што е следно во нејзиниот живот“, рече новинарот постирајќи фотографија на која позира со Шакира на својот Инстаграм профил.

Сега ќе треба малку да почекаме и да видиме што ќе каже пејачката за Жерар Пике и Клара Чиа.

 

 

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....