15:05 - 2 април, 2026

Шакира ќе лансира нова песна против Пике, одбран е датумот – 2 февруари

Една песна не ѝ беше доволна на Шакира осветнички да го нападне Пике, поранешниот партнер и поранешен фудбалер на Барселона.

Колумбиската пејачка најави дека наскоро треба да излезе нова песна против нејзиниот поранешен сопруг.

„Музичка сесија бр. 53“ беше првата песна против Пике, но и против неговата нова девојка Клара Чиа, и во неа Шакира не штедеше зборови за да се одмазди за неверството на таткото на нејзините деца. Песната брзо се искачи на топ-листите и стана вирална на сите социјални мрежи, но колумбијската пејачка не сака да застане тука.

Според тоа што го изјавила за шпанските медиуми, Шакира сака да продолжи со нападот, па на пат е уште една песна против фудбалерот.

Избран е и датумот за премиерно лансирање на втората песна: 2 февруари 2023 година. Не е случајно избран, бидејќи таа и нејзиниот поранешен партнер се родени на тој ден. Нема иформации за насловот и за содржината, освен што се знае дека повторно е адресирана на Пике, пренесува извор близок до пејачката за Кориере дело Спорт.

Слични објави

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо
Се вчитува....