16:04 - 31 јули, 2026

Шакира има проблеми со даночната служба: ризикува затворска казна за затаени 14,5 милиони евра

Дефинитивно ова е негативен период за Шакира која со недели е во центарот на медиумското внимание. Шејачката неодамна објави крај на врската со Жерар Пике, неочекувана објава која ги изненади сите. Фудбалерот во неколку наврати ја изневерил пејачката, а тпа ја навело Шакира да преземе сериозни мерки. Денес таа мисли само на доброто на своите деца и сака што поскоро да ја напушти Шпанија, одлука која не ја одобрува поранешниот партнер кој не сака да живее далеку од децата, но и која ќе мора да има судско решение.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira & Piqué (@shakiraandpique)

Покрај сентименталните проблеми, Шакира е на мета на даночнте служби во последниве денови. Според некои истраги, пејачката ги избегнала даночните власти, односно затаила данок, и не само што треба да плати голема сума пари за казна, туку и ризикува да заврши во затвор. Во случајот за даночна измама што против неа го покрена шпанската држава, Шакира доживеа сензационален судски пораз и сега мора на соодветен начин да се соочи со ситуацијата. Обвинителството тврди дека Шакира ги затаила даночните власти за сума од 14,5 милиони евра, што се однесува напрофитот меѓу 2012 и 2014 година.

Затајувањето данок датира од еден од најангажираните периоди на пејачката. Понатаму, таа отсекогаш уживала во многу висок животен стандард и заедно со Пике, според некои гласини,  уживале во економските придобивки, игнорирајќи го даночниот проблем кој одамна надвиснувал над Шакира со бројни судски опомени.

Сега, шпанските медиуми известуваат дека Шакира искажала подготвеност да соработува со шпанските даночни власти. Извор за „Ел Париз“ изјавил дека Шакира е подготвена да ја плати казната за да избегне затворска казна и да се обиде да ја среди ситуацијата. А откако би ги решила проблемите со властите, и тоа што поскоро за да не ѝ се компромитира нејзиниот имиџ, Шакира сака да се врати со децата во Мајами и повтрно да работи на подемот на кариерата.

Слични објави

Важеше за голем хуманитарец, а една песна му го промени животот – денеска се навршуваат 15 години без Луис

Е.А.

Ѕвездите носат пресврти: Што им носи првиот викенд во август на хороскопските знаци?

Т.Ц.

Маја Беровиќ за кариерата, рекордите и односите меѓу пејачите

Е.А.

„Јас синоќа една прецртав“: Марија Шерифовиќ си исполни голема желба, па откри која е

Еспресо

Обожавателка го гаѓала Слоба Радановиќ со чизма откако одбил да ја бакне

Еспресо

Каков живот води денес Иван Босиљчиќ? Еве што велат во неговиот роден крај

Е.А.
Се вчитува....