8.8 C
Скопје
10:44 - 30 март, 2026

Шакира и Пике не се разделиле поради неверство, туку поради финансиски проблеми

Љубовната приказна на Шакира и Жерар Пике не завршила поради неверство, туку поради финансиски проблеми. Ова го тврди Роберто Гарсија, поранешното момче на една од сестрите на колумбиската пејачка. Човекот, кој денес повеќе не е поврзан со семејството, изјави за EsDiario дека врската помеѓу поп-ѕвездата и фудбалерот на Барселона завршила само и исклучиво поради финасии!

Фудбалската ѕвезфа Пике побарал од поранешната партнерка голема сума пари за да отвори некои претприемачки активности на Бахамите и во Колумбија: барање што Шакира, по консултација со родителите, го отфрлила.

Гарсија открива и дека Шакира „ништо не прави без дозвола од родителите, тие надгледуваат многу работи во нејзиниот живот“, објаснува тој, кој осум години беше свршен со Лусила, сестрата на Шакира.

Според она што го кажа Гарсија, Шакира никогаш не размислувала за брак со Пике:

„Кога го доби ова финансиско одбивање, Пике веднаш сфати дека може да биде татко на нејзините деца, но веќе му беше јасно дека таа никогаш нема да се омажи за него“.

Роберто исто така прецизираше дека двајцата воделе одвоени животи во различни периоди од врската и дури многу подоцна решиле да го објават официјалното соопштение.

Слични објави

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо
Се вчитува....