19.8 C
Скопје
10:38 - 28 март, 2024

Приватната страна на Леонардо Дел Векио: Двапати ѝ го дал срцето на иста жена на која ѝ се враќал до крајот на животот, шесте деца разумно ги држел далеку од менаџерските позиции

Голема страст за животот, за жените, за љубовта отсекогаш го придружувала Леонардо Дел Векио на неговиот извонреден претприемачки пат. Основачот на Luxottica, кој почина во Милано на 87-годишна возраст, имаше сентиментален и семеен живот – колку што беше проблематичен, толку и исполнет.

Дел Векио имаше шест деца со три различни жени. Неговата прва сопруга, Лусијана Нерво, беше блиска со него во раните 1960-ти, кога Луксотика сè уште беше мала фабрика. Од овој прв брак се родени Клаудио, Марија и Паоло.

Втората сопруга, Николета Зампиљо, од Милано, елегантна, строга, со став, со која го имаше Леонардо Марија (кој неодамна се ожени), беше можеби вистинската голема љубов на Леонардо, една од оние кои „никогаш не завршуваат, и на кои секогаш се враќаме“, како што самиот своевремено рекол. Ќерка на еден од првите претставници на очилата, во моментите кога го запознала Дел Векио, таа веќе зад себе имала брак кој завршил со брилијантниот бизнисмен Паоло Базилико. Свадбата со Дел Векио беше прославена во 1997 година: таа имаше 38, тој 62 години. Бракот беше уништен со почетокот на новиот милениум, кога тој се заљуби во Сабина Гроси, инвеститорка кој работела со Луксотика. Од разводот, Зампиљо, меѓу другото, ја добила и вилата Мондадори, прекрасна резиденција од 1920-тите, од две илјади квадратни метри. Куќате беше продадена во 2008 година за 24 милиони евра.

Сабина и Леонардо, кои никогаш не се венчаа, имаат две деца: Лука и Клементе, сè уште малолетни.

Потоа ја оставил Сабина и се вратил во прегратките на Николета, единствената жена која според добро упатените можела навистина да направи да му заигра срцето. Толку многу што во 2010 година повторно се ожени со неа.

принтскрин

Се шпекулира дека по вториот брак, Зампиљо најпрво ја побарала (и ја добила) саканата јахта закотвена во Монте Карло каде сопственикот на Луксотика го поминувал слободното време. Во 2014 година, таа побарала и 25 отсто од семејниот бизнис, па тогаш инвеститорите стравувале од напад на роднините врз компанијата и дека акциите на берзата драстично би паднале. Николета се бранеше во интервју за Кориере дела сера: „Мојата улога? Само една: мајка на моите деца и сопруга на мојот сопруг. Мојата улога е цела во тоа. Немам врска со Луксотика и многу ме огорчува погршното толкување на зборовите. Ме нервира што луѓето зборуваат за мене без да знаат ништо: јас сум чесен човек, доаѓам од прекрасно семејство со длабоки вредности“. Дел Векио и Зампиљо живееле во Милано, во Палацо Видија, голема куќа изградена во 1920-тите.

принтскрин

И покрај бурниот љубовен живот, Леонардо Дел Векио отсекогаш планирал сè за да не дојде до конфликт меѓу бизнисот и љубовта: тој ја организирал контролата на Делфин, луксембуршката холдинг компанија на која ѝ припаѓа целата империја, така што секоја стратешка одлука се носела со договор на сите три гранки на семејството.

принтскрин

Веќе во 2015 г. првиот човек на Луксотика беше повеќе од јасен во интервју за Ла република: „Според мене, децата не треба да имаат врвни менаџерски позиции во компанијата и не треба да седат во одборот на директори. Причината е многу едноставна, можете да отпуштите менаџер, дури и да чини многу, но дете не можете. Моите шест деца имаат гола сопственост од по 12,5% од Делфин, мојата сопруга ќе ги има останатите 25% во иднина“. Доказ дека, кога е во прашање бизнисот, разумот секогаш го надвладува срцето.

Слични објави

Еден од најпознатите јутјубери во светот призна дека има рак: „Сакаа да отстранат бенка“, а дијагностицирале меланом

еспресо

Британците бараат виновник: Кој шири лаги за Кејт Мидлтон?

еспресо

Астропрогноза за четврток, 28 март: За Овните нови можности, за Биковите напредок

еспресо

Ќе „загубат глава“: Три хороскопски знаци лудо ќе се вљубат во април

еспресо

Ана Бекута се врати во „Ѕвездите на Гранд“: „Мислам дека некому пречам“

еспресо

Последните денови на Слаѓана Милошевиќ: „Ме фати за раце и врескаше ‘помош, помош”

еспресо
Се вчитува....