17.8 C
Скопје
12:05 - 22 октомври, 2026

(Видео) Шакира и Бизарап се скараа: Музичарот ги замоли фановите да не ја пеат Music Sessions #53

Ааргентинскиот музичар и продуцент Бизарап постепено се здоби со слава на полето на музиката, иако хитот со Шакира „Музичкка сесија #53“ го направи неговото име да се слушне практично низ целиот свет. Но, нешто изгледа е налутен на Шакира, зашто за време на еден настан во Мексико ги замоли своите фанови да не ја пеат таа песна.

Имено, за време на неговиот настап на фестивалот Текате Емблема, Бизарап со својот нов музички сет воодушевил илјадници гледачи, а во еден момент од публиката почнал да ги слуша нотите од хитот што го направи со Шакира, кој има повеќе од 500 милиони прегледи во нешто повеќе од четири месеци откако беше објавен. И тогаш ја засвирел песната и ги замолил присутните да скокаат на мелодијата, но без да ја отпеат песната!

Во видео кое стана вирално на социјалните мрежи може да се слушне како аргентинскиот продуцент бара од сите присутни да не пеат.

@stefano.vidall

Saltar > cantar @bzrp @Shakira #bzrp #bzrpmusicsession #bizarrap #shakira #emblema #tecateemblema #festival #música #concierto #lodescubrientiktok #suenanentiktok #cdmx #mexico #fyp

♬ sonido original – Stefano

„Сега кога Мексико експлодира, сакам сите да скокаат, без да пеат ништо од песната, само да скокаат“, беа зборовите на продуцентот додека во позадина се слушала хит песната што ја направи со Шакира, што предизвика критики и некои гласини во врска со кавга меѓу Јужноамериканецот со колумбиската музичка ѕвезда.

Меѓу гласините кои се појавија се споменува дека Бизарап е лут на Шакира зашто на негов грб се вратила на голема врата на музичката сцена и дека таа постојано се спомнува, а не дека тој лично е креатор на песната.

Стигнаа критики и од фановите на Шакира кои го обвинија Бизарап за љубоморен, а некои рекоа дека им останала желбата да ја пеат Music Sessions # 53, а не само да ја слушаат музиката.

Слични објави

Емотивна исповед на Марија Шерифовиќ од Бали: „Ова патување ми покажа дека сè за што трчам веќе ме чека дома“

Е.А.

(Фото) Хрватската актерка Миа Беговиќ се огласи по свадбата на нејзината внука Лана: „Ве прегрнувам со гордост, во име на Ена и мое“

Еспресо

(Фото) Откако тајно се венчаа по 12 години љубов, Реља откри дали Николија го земала неговото презиме

К.С.

(Фото) Ирена Спировска во златен фустан на свадбена прослава — водителката позираше покрај саканиот Душко

К.С.

Хороскоп за 22 октомври: Скорпиите ќе бидат расположени, Јарците ги очекува средба со најблиските

Еспресо

(Видео) Сулејман и Хурем повторно заедно – Халит Ергенч и Мерјем Узерли се појавија на премиера на филм држејќи се за раце

Еспресо
Се вчитува....