Северина сподели интересна случка за неа и за таксист од Загреб која ја раскажа на оригинален начин.
Таа уште еднаш го привлече вниманието на јавноста, како со својот беспрекорен изглед, така и со несекојдневниот начин на кој се упати кон престижниот настан „Story Hall of Fame“ во Загреб.
Иако јавноста е навикната да ги гледа славните личности како пристигнуваат со луксузни лимузини, Северина одлучи да ги скрши стереотипите и рече дека на настанот тргна со загребскиот трамвај. Таа блесна во раскошна креација на познатата дизајнерка Матија Вуица, а вечерта за неа беше исклучително успешна, со оглед на тоа што си замина дома со две престижни награди – за најголема регионална ѕвезда и за активизам на годината.
По завршувањето на свеченоста, пејачката се вратила дома со такси, по што на својот Инстаграм профил сподели и скриншот од пораката што ја добила од возачот кој ја превезувал: „Поздрав, ми беше задоволство вечерва да бидам ваш такси возач, убав поздрав“.
Северина под фотографиите го напиша следниов статус:
„Тргнав со трамвај во најубавиот фустан на светот, а наш – на Матија Вуица, на ’Story Hall of Fame’. Добив две награди – за најголема регионална ѕвезда и срцето на ’Story’ за активизам на годината. Се вратив дома со такси. Ми се јави таксистот.“
View this post on Instagram
