20:44 - 30 јуни, 2026

Мери Цетиниќ сподели непознати детали за почетокот на кариерата: Утрото пред настапот морав на Ургентно

Хрватската музичката дива Мери Цетиниќ се присети на своите почетоци со групата „Море“ и откри непознати детали за победата на Сплитскиот фестивал во 1975 година, која ѝ го променила животот.

Денес таа е едно од најважните имиња на хрватската музичка сцена, но почетоците на Мери Цетиниќ биле исполнети со неверојатна возбуда, па дури и со здравствени проблеми. Мери на своите социјални мрежи сподели фотографија од 1975 година, кога како солистка на групата „Море“ првпат застанала на сцената на Сплитскиот фестивал со песната „Каде и да тргнеш“.

Мери откри дека стресот поради дебитантскиот настап оставил последици врз нејзиното здравје.

„Тоа утро пред настапот морав да одам на Ургентно, бидејќи од трема и возбуда целата се нафрлав, добив осип“, призна пејачката, пренесува Стори.хр.

Освен здравствените тегоби, Мери се соочила и со вистинска модна криза. Во тоа време, по свечени фустани се одело во Трст, па така и таа подготвила посебна светлосина креација. Сепак, плановите ѝ ги расипала телевизиската легенда, режисерот Антон Марти.

„Марти процени дека светлосиниот фустан нема добро да изгледа во телевизискиот пренос на финалето. Набрзина најдов и облеков бел фустан од пријателка“, откри Мери.

И покрај осипот, посетата на болница и позајмената облека, таа вечер се родила ѕвезда. Песната на Слободан Момчил Ковачевиќ „Каде и да тргнеш“ станала инстант класик.

„На крајот сѐ испадна добро, ја добивме првата награда од стручното жири, а јас награда за најдобра женска интерпретација“, заклучи Цетиниќ.

Меѓутоа, животот воопшто не бил нежен кон сопственичката на еден од најдобрите вокали на овие простори. За нејзиниот приватен живот никогаш не се знаело многу, но познато е дека на 23 години ја родила ќерката Ивана и била самохрана мајка. Мери ја изгубила својата ќерка единица во 2021 година, кога Ивана Цетиниќ ја изгубила борбата со тешката болест и починала во 44. година од животот.

Слични објави

Голем месечен хороскоп за јули и совет за секој хороскопски знак

Т.Ц.

Совршениот свечен фустан за моменти што се паметат го пронајдовме во бутикот „Прагма“ во ГТЦ – проверете дали и вие ќе го пронајдете вашиот

Еспресо

(Фото) „Мајка ти те научила да растураш бракови, да заведуваш и одземаш туѓи сопрузи“: Сопругата на Огњен Амиџиќ доби шокантни пораки, сè сподели јавно

Еспресо

(Фото) Северина се појави во кожа „од глава до пети“ – жешкото време ништо не ѝ може

Еспресо

Владо Јаневски низ насмевка ја опишуваше свадбата на Каролина Гочева: „Гледам 600 луѓе, од кои 598 не ги познавам. Шок и паника.“

Еспресо

Најголемиот хит на Рада Манојловиќ бил наменет за друга пејачка: „Уредно си платив, не можев да верувам што ми се случи“

Т.Ц.
Се вчитува....