13.8 C
Скопје
00:57 - 26 октомври, 2026

„Седев во када и врескав“: Јована Јеремиќ проговори за пеколот низ кој поминала

Водителката Јована Јеремиќ пред камерите се потсети на најболниот момент во нејзиниот живот – кога дознала дека нејзиниот татко починал. Како што самата кажа, кога ја слушнала ужасната вест, се заклучила во бањата и врескала од тага и болка.

– Влегов во кадата и врескав илјада пати. Само му се молев на Бога соседите да не ме чујат. Мајка ми мѝ кажа дека починал … – рече Јована Јеремиќ низ солзи.

Инаку, како што претходно откри, тоа беше најтешкиот момент во нејзиниот живот.

– Не ја покажав мојата болка, но се распаѓав одвнатре, бидејќи го изгубив единствениот машки човек што ме штитеше во овој проклет живот. Секогаш се сеќавам на тоа кога ми треба сила. Тато, те сакам и знам дека ќе те сакам засекогаш. Ти благодарам што ме штитиш одозгора – рече Јована во „Премиерно викенд специјал“, и додаде:

– Бог ме трансформираше, сè што се случи во претходниот период ме промени на подобро. Созреав и го искористив максимално. Докажав дека кога се кршам на парчиња, се составувам во ремек-дело. Таа револуција мора да започне. Смртта на татко ми ме промени, никогаш повеќе нема да бидам иста. Имав татко кој остави трага во мојот живот.

Слични објави

Злата Петровиќ отворено за минатото: „Бев добра љубовница, но никогаш од корист“

Е.А.

Страшна тајна се крие во хитот на Цеца — „Расуло“ е напишана од две најголеми лични и семејни трагедии

Е.А.

Саша Капор со потресна порака за смртта на познатиот композитор Зоран Тутуновиќ – Тутун

Е.А.

Наташа Беквалац шокираше со признанието за гласот и сопствениците на клубови: „Не ме сакаат бидејќи со мене нема голем промет“

Е.А.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се преселија во Мадрид

Е.А.

(Фото) Ава Карабатиќ се спореди со Шарлиз Терон, следуваа брутални коментари: „Оди бери маслинки“

Т.Ц.
Се вчитува....