16:09 - 1 април, 2026

Се огласи отуѓениот сопруг на Јелена Карлеуша: Еве зошто Душко ѝ се јавил на Северина

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Душко Тошиќ сака да стави крај на шпекулациите за неговата врска со Северина.

Популарниот спортист во ексклузивна изјава за српски Курир вели дека контактирал со пејачката од Хрватска за да пее на јахтата што неодамна ја купил во Турција.

Според неговите зборови, блиски пријатели му сугерирале дека најдобро би било да ја ангажира Северина да пее на нивната забава на неговата нова јахта.

– Неодамна купив јахта која е паркирана на Босфор и сакав да прославам, а моите пријатели од групата „Вотс ап“ ми предложија Северина да ни пее. Па, тоа е причината за мојот контакт – учтиво изјавил Тошиќ за српски Курир.

Карлеуша ја објави преписката меѓу Душко и Северина, принтскрин

Да потсетиме, приватната преписка меѓу Северина и Душко денеска ја здогледа светлината на денот, а војната меѓу двете пејачки започна откако Јелена Карлеуша јавно ги осуди изјавите на Северина на тема Сребреница, кои хрватската пејачка ги даде во интервју за време на престојот во Сараево.

Соседите откриваат какво е семејството на Јована Јеремиќ: „Малку се чудни…“

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо
Се вчитува....