16:30 - 31 март, 2026

Се огласи и Владо Георгиев по масакрот во белградското училиште: „Се борите родителот да не крене глас на своето дете, ете затоа ова се случи“

Невидена трагедија се случи утринава во основното училиште „Владислав Рибникар“ кога 14-годишно момче уби чувар, рани наставник, а продолжи со крвавата треска околу училиштето, при што си ги уби другарите.

Дури осум ученици го загубија животот на страшен начин, што длабоко ги потресе сите граѓани на целиот регион, но се огласија и познати личности од регионот за трагедијата во Белград.

Бројни познати личности преку социјалните мрежи им изразија сочувство на семејствата на загинатите, а на Твитер српскиот музичар Владо Георгиев се осврна на трагичниот настан со свое мислење.

– Пред сто години во секоја куќа висеше пушка покрај огништето, па никогаш дете не ја земало и да убива низ селото. Но, немаше ТикТок, реални шоуа, промоција на насилство, игри со пукање, дури и прачката ќе „проработеше“ и децата ги воспитуваше тој што ги направил – посочи Владо и додаде:

-Денес децата би ги воспитувале невладините организации.

По лавината дискусии околу неговиот твит, пејачот јасно стави до знаење што според него довело до овој страшен крвав настан.

– Затоа што се борите родителот да не смее да го крене гласот на своето дете. Ете затоа, заклучи Владо во својот твит.

Слични објави

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.
Се вчитува....