10.8 C
Скопје
22:32 - 3 април, 2026

Се огласи членка на хрватското жири на Евровизија: „Не е фер што осудувате, еве како гласавме“

Ивана Врдољак – Вана, една од членовите на хрватското жири, реши да проговори по бројните осуди во регионот поради „само 3 поени кои Хрватска ѝ ги даде на Србија“.

Откако Хрватска ѝ даде само три поени на Србија, настана хаос на социјалните мрежи. Дури и Марија Шерифовиќ побара да дознае кои се членови на хрватското жири. Ивана Врдољак-Вана која и сама беше претставничка на Хрватска на Евровизија 2001 година која се одржа во Копенхаген, Данска, и каде го освои десетото место, сега се огласи и го искоментира гласањето.

„Во жирито беа пет члена. Секој од нас гласаше посебно – според својата совест. Збирот на нашите гласови ги даде конечните оцени. Со оглед на тоа што пропорциите на Евровизија не дозволуваат објавување на поединечни гласови, навистина нималку не е фер што некои од вас ме осудуваат без да знаат на која земја колку бодови сум ѝ дала“, напиша Вана на својот инстаграм-профил.

инстаграм

Таа му честиташе за второто место на хрватскиот претставник Бејби Лазања.

„Ја направи Хрватска горда, а публиката го кажа своето“, напиша поранешниот вокал на бендот Е.Т, Вана

Инаку, членови на хрватското жири покрај Вана беа и Дино Јелушиќ, Миховил Шоштариќ, Срѓан Сканси Секуловиќ и Џина Викторија Дамјановиќ.

 

Слични објави

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо
Се вчитува....