35.9 C
Скопје
15:43 - 5 август, 2026

Се огласи Бресквица откако не ѝ беше дозволено да влезе во Косово: Еве што кажа

Популарната пејачка Анѓела Игњатовиќ Бресквица вчера наводно добила забрана за влез во Косово.

Бресквица требала да одржи концерт во Косовска Митровица, но припадниците на полицијата во Косово и Метохија не ѝ дозволиле да го помине административниот премин, пишуваат српските медиуми.

Таа беше вратена од административниот премин, што автоматски доведе до откажување на планираниот настап.

Причината зошто не ѝ било дозволено да влезе во Косово не е позната. Бресквица се огласи во оваа пригода и им се обрати на своите обожаватели од Косово.

– Драги мои граѓани на Митровица, сакам да ви се заблагодарам што одвоивте време да се дружиме и да пееме заедно. За жал, мојот бенд и јас не го поминавме административниот премин и нема да можеме да пееме вечерва. Но, сигурна сум дека ќе има можност и дека наскоро ќе се спријателиме. Ќе ве известам за новиот датум. Дотогаш, ви испраќам најголеми поздрави и бакнежи. Вашата Бресквица многу ве сака – рече пејачката.

Слични објави

(Фото+видео) Мила Арсовска доби протеза за стапалото по 40 години и одново учи да оди

apostolova

(Видео) Миа Беговиќ 15 години ја уредувала својата медитеранска оаза: Мојот мир, моето уживање, мојата тишина…

Т.Ц.

(Видео) Емотивен момент во Охрид: Слаткар ја бакна Сања додека ја пееше песната со која ја запроси

Еспресо

(Фото) Барбара Поповиќ ужива на Сицилија – во бикини ја покажа својата витка линија

Еспресо

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ ги закопаа „воените секири“ — заедно организираат голема прослава

Еспресо

(Фото) Северина ги „запали“ социјалните мрежи — во провокативен корсет ја најави новата песна

Еспресо
Се вчитува....