8.8 C
Скопје
19:14 - 31 март, 2026

Сакате на вечера со свеќи со Трамп? Да, но прво дајте чек од 100.000 долари

Ако сакате да вечерате со поранешниот американски претседател Доналд Трамп во еден од неговите голф-клубови ќе треба да платите неверојатни 100.000 долари. Можете да си ги донесете и пријателите, секако ако платите и за нив.

Покана добил и престижниот магазин Форбс и веднаш објави за неа на своите веб-страници. Треба да побрзате, да резервирате места, ќе има навала на 14 септември – во САД има многу луѓе кои се заинтересирани. Затоа што постои можност за ексклузивна слика со поранешниот – можеби иден – претседател. Кој би одолеал на таа покана?

Организаторите нудат уште една опција, со доплата, да се одигра партија голф со Трамп.

Познато е дека Трамп помина голем дел од својот претседателски мандат на терените за голф. Најмногу од сите претседатели. Токму тој го критикуваше Барак Обама дека играл премногу голф додека бил претседател. Во поканата не пишува колку треба да платите за тоа задоволство.

Парите одат во PAC (политички акционен комитет, тело кое собира средства за кампањата) со име што лесно се помни Make America Great Again, Again!. Пократко, MAGA, Повторно! – „Да ја направиме Америка повторно голема, повторно“.

 

 

Слични објави

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо
Се вчитува....